Светот го виде македонскиот херој: „Рено 4“ од Стојаково ја освои Тоскана!

Фестивалот на „Рено 4“ во Тоскана, Италија, оваа година донесе сензационално признание за Македонија, благодарение на авантуристите Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов од Стојаково. Нивниот реставриран олдтајмер, „Рено 4“, стар 47 години, беше прогласен за „најсмело возило“ на четвртиот по ред фестивал, надминувајќи 200 возила од различни земји како Шведска, Франција, Шпанија и Мароко, пренесува порталот СДК.
Историјата на нивниот легендарен олдтајмер, кој патувал повеќе од 20.000 километри до Кина пред шест години, привлече внимание и беше пример за несебична љубов кон авантурите. Наградата за најсмело возило се додели заради уникатната употреба на возилото, кое не само што било реставрирано, туку и редовно користено за долги патувања, додека другите слични возила се чуваат како експонати.
Шуклев и Николов не се првпат на патувачка авантура со „Рено 4“. По нивната експедиција до Франција и Кина, тие продолжуваат да го освојуваат светот, а ова признание е само потврда за нивната храброст и посветеност.
„Наградата е за секој километар што поминавме, за сите патувања што ги изминавме со ова возило. За нас, ова е сатисфакција”, изјави Шуклев.
Сензационалното признание за македонската присутност во Италија се одразува на континуираната љубов и страст кон автомобилите од минатото, но и на значењето на македонската традиција во светски рамки.