Те сакам е најблиску до тоа што сакам да ти го кажам – ова е сестрата на Марина Дојчиновска која не сака да е под рефлектор
Марина Дојчиновска и сестра ѝ Соња, заедно се синоним за убавина, блискост и семејна традиција што ги обединува.

Водителката Марина Дојчиновска на својата фејсбук-страница ја изненади јавноста со ретка фотографија споделена на социјалните мрежи, на која е заедно со својата сестра Соња.
За разлика од Марина, која е јавна личност и често е присутна во медиумите, Соња денес претпочита повлечен живот и ретко се појавува под рефлекторите.
И покрај различните професионални определби, и понатаму сестрите ги поврзува исклучително силна емотивна врска и заедничката грижа за семејната куќа во Гари, вистинска мијачка убавица стара еден век, во која е роден и нивниот татко.
„Јас и сестра ми Соња, како и моите братучеди Дојчиновски со гордост и пиетет ја одржуваме нашата стара убавица, семејната куќа, која останува и понатаму да нè пречекува секое лето и секој слободен викенд,“ вели Марина.

На фотографијата двете изгледаат беспрекорно, што веднаш предизвика коментари од пријатели и следбеници на социјалните мрежи, кои не можат да одлучат која од двете е поубава.
Она што е неспорно е топлината и блискоста што зрачи од нивните очи.
„Те сакам е најблиску до тоа што сакам да ти го кажам, а сепак многу далеку од тоа што го чувствувам за тебе, сис,“ напиша Соња под објавата, докажувајќи дека нивната сестринска љубов е нешто непроценливо.

И додека Марина плени со јавната харизма, Соња ја задржува природната елеганција и мирен шарм што многумина го препознаваат како еднакво впечатлив. И да, во перфектна форма на телото е што добро се гледа и на фотографијата. А очите? Исти, како на Марина, длабоки…
Ајде уште еднаш погледнете ја фотографијата. Заедно, тие се вистински доказ дека убавината не е само надворешна, туку и во начините на кои сестрите се надополнуваат и го чуваат она што најмногу вреди – семејните вредности.