Дом и семејство

Веридба како бајка, но со кошмарен пресврт – невестата заврши во хируршка сала

„Сега сум свршена, но не се чувствувам така бидејќи немам на себе прстен. Сите сакаат да го видат прстенот, а јас можам да го покажам само на фотографија“.

Advertisement

Иона Хадавеј, 23-годишна девојка од британскиот град Кру, доживеа неочекуван инцидент по нејзината веридба со 20-годишниот Џејкоб Бјудларело.

Сите се радувале на романтичниот момент, кој Џејкоб го организирал по осум месеци врска со својата сакана Иона. Вечера во италијански ресторан, на која следувало романтично запросување, но прославата се претворила во вистинска драма.

Advertisement
принтскрин инстаграм

Прстенот што Џејкоб го купил бил неколку броја помал од потребното, но Иона, во возбуда од моментот, сепак го ставила на својот прст.

По кратко време, забележала дека прстот почнал да отекува, а прстенот не се поместувал. Циркулацијата била сериозно загрозена, што значело дека итна медицинска интервенција била неизбежна.

Од ресторан во болница

Иона и Џејкоб веднаш се упатиле во болницата Кру Леитон. Лекарите се обиделе да го отстранат прстенот со помош на лубрикант и други техники, но без успех.

Advertisement

Како последна опција, медицинскиот тим морал да го исече прстенот за да го спаси прстот на Иона. Лекарите ја предупредиле дека ако почекала само уште малку, можела да го изгуби прстот поради целосно прекината циркулација, што можело да доведе до гангрена и ампутација.

Иона се чувствувала пресреќно што прстот ѝ бил, сепак, спасен, иако веридбата завршила со неочекуван пресврт. И покрај оваа траума, младата двојка останува полна со оптимизам и посветена на својата иднина.

„Можев да го изгубам прстот. Воопшто немаше циркулација во мојот прст. Бев целосно шокирана. Сега сум свршена, но не се чувствувам така бидејќи немам на себе прстен. Сите сакаат да го видат прстенот, а јас можам да го покажам само на фотографија“, објаснува девојката.

принтскрин јутјуб

Љубов и планови за иднината

Инаку, Иона и Џејкоб се запознале преку заеднички пријател, и оттогаш нивната врска се развивала стабилно. Штеделе за заеднички дом, а венчавката е планирана за 2027 година.

принтскрин инстаграм

Иона се надева дека златарот ќе може да го поправи прстенот, кој сега го чува како спомен од преубавиот момент кој се претворил во кошмар.

И покрај драмата со тесниот прстен, љубовта на Иона и Џејкоб не е разнишана, напротив. Тие продолжуваат да градат иднина заедно, планирајќи го својот заеднички живот, со радост и со надеж дека оваа несреќа ќе остане само како смешна и застрашувачка приказна која ќе ја раскажуваат уште долго. А во меѓувреме, девојката стана вистински хит на социјалните мрежи, и многумина љубопитно бараат од неа да им го покаже прстенот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button