Никола пее со колегите, Цеца и Дара Бубамара плачат – најтажната сцена во историјата на Гранд (фото)
Емотивен старт на новата сезона

Најтажната сцена во историјата на шоуто
Гледачите имаа прилика да се потсетат на Саша Поповиќ на отворањето на новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, продукцијата „Гранд“ во договор со финалистите од претходната сезона на сцената ја изведоа неговата омилена песна, а додека тие пееја, сите останати во студиото одвај ги задржаа солзите на очите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И додека финалистите ги пееја стиховите од преубавата, но во исто време и многу тажна песна, многумина се расплакаа.
Пејачот од Македонија, Никола Станишиќ, како победник ја имаше таа чест да ја отвори новата сезона, заедно со останатите финалисти. Нивната изведба беше толку емотивна, така што членовите на жирито, вклучувајќи ја Цеца Ражнатовиќ, Дара Бубамара и Драган Којиќ Кеба не можеа да ги задржат емоциите па пуштија солзи пред камерите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Сите седуммина беа станати додека финалистите пееја на сцената, а Цеца и Дара уште на првите тактови пуштија солзи.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Ни машкиот дел од публиката не можеше да остане рамнодушен, посебно Драган Којиќ Кеба, кој прв пушти солзи.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По генијалната изведба на финалистите, сите во студиото стоејќи и со овации и аплауз ги поздравија пејачите.
„Без емоции ова шоу не би било она што е веќе со децении а благодарение на овие млади луѓе ова песна на Саша донесена е во прекасно, ново издание. Докажавте зошто сте Гранд ѕвезди и потврдивте дека музиката лекува“, изјави по нивниот емотивен настап водителот Милан Митровиќ.