NEWSВести

Жерновски за Муцунски: Додека граѓаните дишат загаден воздух, Тимчо се снајде и долета во Вашингтон

Advertisement

„Ова е македонскиот министер за надворешни работи. Тажно, нели? Да беше неискусен, ај и да разберам. Но се работи за единствениот од овој состав кој бил член и на владата на Груевски“, вели членот на ИО на СДСМ и екс-амбасадор Андреј Жерновски за министерот за надворешни работи Тимчо Муцунскиза неговата посета во Вашингтон.

„Оваа фотографија, која самиот ја постирал ,кажува колку е забегана работата.

Advertisement

Прво, јасен е недостатокот на елементарно чувство на емпатија и солидарност со граѓаните кои го дишат токсичниот чад од Вардариште, Дрисла, Трубарево… Веројатно пораката е: “Поздрав до сите што се гушите во загадениот воздух, јас си се снајдов и си долетав до Вашингтон на чист воздух. Ви благодарам, бидејќи вие ми го плативте патот до овде! Немате веќе пари бидејќи се’ е поскапено? Баш ми е жал.”

Второ, да најавиш започнување на работна посета во главниот град на САД со селфи како џогираш во тренерчиња, зборува за целосна напрофесионслност и дилетантизам.

Трето, да се одјавиш со зборовите “заедно”, а да се сликаш сам, без ниту една жива душа до и околу тебе, кажува дека проблемот треба да се бара подлабоко.

Advertisement

За жал, на ваков начин само продолжува урнисување на угледот и авторитетот на македонската дипломатија. Кога ова го гледаат и го читаат дипломати и амбасадори, можете и сами да заклучите кое мислење го имаат за нашата надворешна политика.

Пресериозни се предизвиците со кои се соочуваме за да се дозволат вакви недоветни објави,

И уште нешто. Малку е смешно во моментите кога премиерот ни зборува дека сме сериозно нападпаднати од разни странски центри на моќ, неговиот министер за надворешни работи да се слика како насмеано среќно дете пред да влезе во “Дизниленд”, пишува Жерновски во својата објава.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button