CelebrityTV

Полесно зборувам кога сум пред публика – Жика повторно се огласи за состојбата по мозочниот удар

„Секој ден логопед, физикална терапија, чекор по чекор...“

Advertisement

Водителот Жика Јакшиќ, по два месеца од мозочниот удар, повторно се врати на снимањето на емисијата по која е препознатлив во регионот, „Никогаш не е доцна“.

Овојпат во разговор за „Гранд онлајн“ зборуваше за моментите кога сфатил дека нешто не е во ред, за борбата со болеста и за процесот на опоравување.

Advertisement

„Приметив дека неразговетно зборувам, но не ме фати паника. Се облеков и повикав возач кој ме однесе во болница на Бежаниска коса. Таму веднаш утврдија дека станува збор за мозочен удар и ме префрлија во болницата Свети Сава, која е специјализирана за такви состојби. Веднаш започнаа со терапија, разредување на крвта, скенер на глава… илјада работи. Се најдов опкружен со доктори кои веднаш ме презедоа,“ изјави Јакшиќ.

Иако ситуацијата изгледала сериозно, лекарите му влеале надеж.

Advertisement

„Ми рекоа дека мозокот не е посебно оштетен, дека има само мала трага во длабочината, нешто што ќе помине. Предвидоа дека целосно ќе се опоравам за два до три месеци. Тоа ми беше најважно, дека резултатот ќе биде потполно закрепнување,“ вели тој.

Патот до подобрување не бил лесен.

„Секој ден логопед, физикална терапија, чекор по чекор. Два месеца подоцна, исправен сум и подготвен за работа,“ додава Јакшиќ.

Враќањето на снимањето на „Никогаш не е доцна“ за него е нова мотивација.

„Одговорот е пред вас, тука сум, во новата сезона. Обично не зборувам вака добро, но кога сум пред публика, ми е полесно. Денес сум оној стариот, утре ќе бидам уште подобар,“ заклучи тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button