Наши ѕвезди

Пејачката со емотивна порака го изненади саканиот – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)

И двајцата никогаш посреќни ...

Advertisement

Пејачката Анета Љумаковска објави среќна вест

По разводот од својот поранешен сопруг со кого беше повеќе од две децении во брак, Анета Љумаковска повторно ужива во љубовта.

Advertisement

Пејачката две години по разводот на Инстаграм откри дека повторно е среќна и вљубена, а оваа вести ја потврди и за нашиот медиум.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Да, вљубена сум, но не повторно, туку за прв пат во мојот живот“, изјави Анета неодамна за Гламур магазин (повеќе за ова тука), а сега повторно ги изненади со уште една фотографија на која е со новото момче.

Advertisement

Имено, веќе некое време се шушка дека Анета е во врска со својот колега Рубин Размо, а таа тоа сега го потврди и со роденденската честитка што ја сподели на својот Инстаграм профил.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, таа сподели фотографија на која се заедно, а ги изненади сите и со емотивната порака што му ја посвети.

„Со тебе секој ден е подарок, Среќен роденден и да си ми жив и здрав“, напиша пејачката на фотографијата, па го тагираше и неговиот профил и со објавата предизвика воодушевување кај фановите.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Бројни нејзини обожаватели ѝ се придружија со честитки, но и го пофалија нејзиниот сегашен избор за партнер.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Потсетуваме, Анета деновиве ги изненади сите и со своето гостување во една од најгледаните телевизии на Балканот.

Имено, таа беше специјална гостинка на РТС во Белград, каде маестрално ја изведе песната „Македонско девојче“.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Како Анета изгледаше и во ова издание, но и како со својот феноменален глас ги воодушеви соседите, погледнете во продолжение:

Инаку, пред неколку недели и Анета го прослави својот роденден, а откри и какво изненадување доби од колегите.

И тогаш покрај неа беше Рубин, но никој не знаеше дека токму тој е главниот виновник за нејзиното расположение.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button