NEWSБизнисВести

Работи кои може да ги работите без диплома и убаво да заработувате – во странство, но и во Македонија

Advertisement

Доколку барате работа, но немате никакви посебни квалификации или универзитетска диплома, пронајдовме неколку работни места што можеби ќе сакате да ги разгледате…

Постојат бројни работни места кои не бараат универзитетска диплома, а со минимална обука можат да донесат солидна плата.

Advertisement

Повеќето од овие работни места не бараат диплома или неколку години образование – доволни се кратка обука, добра волја и одговорност. Доколку барате брз пат до работа, овие работни места се добар почеток.

Возач на камион (меѓународен транспорт)

Обуката за категорија Ц и професионална лиценца (CPC сертификат) трае околу 3 до 6 месеци. По завршувањето на обуката и краткото искуство, можно е да се заработат над 1.500 евра месечно.

Комерцијалист / Теренски продавач

Оваа работа не бара посебно училиште – работодавците често нудат бесплатна интерна обука од неколку дена до една недела. Доволно е добра комуникација и основна досетливост. Со бонуси и провизии, можно е да се заработат над 50.000 денари месечно.

Advertisement

Административен работник

Канцелариската работа главно вклучува внесување податоци и основна обработка на документи. Обуката за користење програми како Word и Excel трае само неколку дена до две недели, честопати достапна бесплатно преку интернет. Почетната плата започнува околу 30.000 динари, но може брзо да се зголеми.

Работник во производство

Обуката трае еден до три дена на работното место. Работата вклучува склопување, пакување и инспекција на производи, честопати без потреба од претходно искуство. Во подобри фабрики, со работа во смени и бонуси, платите можат да достигнат и до 50.000 денари, додека во странство за истата работа се заработува и по неколку илјади евра.

Добра плата во Македонија

Добра плата може да се заработи и со волан кај нас. На пример, возачите на меѓуградски автобуси заработуваат од 40.000 до 50.000 денари, а возачите на камиони заработуваат и до 120.000 денари месечно.

Земјава кубури со професионални возачи на автобуси и на камиони, а младите сѐ поретко одлучуваат да вложат во полагање возачки испит, бидејќи полагањето не е воопшто евтино.

Од друга страна, тие што имаат веќе положено за Д и за Е категорија, тие веќе се заминати во развиените земји и животот го минуваат во кабина, ама за многу пари.

Фалат шофери

Но, сѐ помалку и помалку професионални возачи на автобуси и на камиони има во Македонија, се жалат домашните компании кои со месеци маки мачат да вработат квалификувани кадри кои поседуваат Ц и Е категорија.

Првата причина поради ваквата состојба, коментираат засегнатите, е тоа што полагањето за Ц и Е категорија чини многу пари, а одзема и многу време, па не секој човек има можности и трпение да минува низ сето тоа.

Втората причина, според нив, е тоа што домашните компании и домашниот пазар не се ни споредуваат со странските компании и условите што им ги нудат странците на нашите возачи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button