NEWSБизнисВести

Еве колку заработуваат шоферите во Европа, а колку во Македонија – разликата е огромна

Advertisement

Британските возачи на камиони заработуваат до три пати повеќе од нивните колеги во Унгарија, па дури и ги надминаа германските возачи, иако често се жалат на платите и условите за работа, покажуваат новите податоци.

Како што пишува trans.info, недостигот на работна сила по Брегзит и големите економски нееднаквости низ Европа создадоа континент каде што географијата ги одредува платите повеќе од возачките вештини. Со бруто плата од 3.350 фунти месечно (3.930 евра), британските возачи се на врвот на европската табела, додека Унгарија е на дното со само 1.039 евра.

Advertisement

Разликите во платите се изразени низ цела Европа. Франција (1.850 евра) и Романија (1.794 евра) се само малку подобри од Унгарија, додека просекот во Шпанија е 2.450 евра, а во Полска 2.814 евра. Само Германија се приближува до британските нивоа со 3.357 евра.

Како што објавува порталот, вистинската приказна станува јасна само кога платите се споредуваат со националниот просек. Меѓународните возачи од Полска заработуваат 2,7 пати повеќе од минималната плата – највисока во Европа – додека британските возачи на камиони заработуваат 70 проценти повеќе од минималната плата и девет проценти над националниот просек. Германските возачи заработуваат 64 проценти над минималната плата, но сепак 13 проценти под националниот просек, објавува „Плутон логистика“.

Од друга страна, француските возачи едвај ја надминуваат минималната плата (91 процент од законскиот минимум), додека унгарските возачи на камиони заработуваат дури и под неа, 79 проценти, што покренува сериозни прашања за одржливоста на професијата во Источна Европа.

Advertisement

Каква е состојбата во Македонија?

Добра плата може да се заработи и со волан кај нас. На пример, возачите на меѓуградски автобуси заработуваат од 40.000 до 50.000 денари, а возачите на камиони заработуваат и до 120.000 денари месечно.

Земјава кубури со професионални возачи на автобуси и на камиони, а младите сѐ поретко одлучуваат да вложат во полагање возачки испит, бидејќи полагањето не е воопшто евтино.

Од друга страна, тие што имаат веќе положено за Д и за Е категорија, тие веќе се заминати во развиените земји и животот го минуваат во кабина, ама за многу пари.

Но, сѐ помалку и помалку професионални возачи на автобуси и на камиони има во Македонија, се жалат домашните компании кои со месеци маки мачат да вработат квалификувани кадри кои поседуваат Ц и Е категорија.

Првата причина поради ваквата состојба, коментираат засегнатите, е тоа што полагањето за Ц и Е категорија чини многу пари, а одзема и многу време, па не секој човек има можности и трпение да минува низ сето тоа.

Втората причина, според нив, е тоа што домашните компании и домашниот пазар не се ни споредуваат со странските компании и условите што им ги нудат странците на нашите возачи.

-Оние возачи коишто моментално се нудат на пазарот се повозрасни лица пред пензија, бидејќи целиот квалитет и младост ни замина во странство, особено во Германија и во скандинавските земји. Едноставно, не можеме ние да им го понудиме тоа што им го нудат странците. Платата за возач во Македонија е позната – едвај 1.000 евра месечно и плус некои бонуси. Но, бројките се сосема поинакви во Германија и во Шведска, на пример, каде што месечната плата на шоферите достигнува 3.000 евра па и повеќе – објаснува сопственик на компанија за камионски транспорт.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button