MAMAДом и семејство

Како да препознаете вистински мед – домашни трикчиња кои ќе ви го откријат квалитетот лесно и веднаш

Со овие едноставни домашни тестови и проверка на бојата и вкусот, секој љубител на квалитетен мед може да се увери дека на трпезата има вистински природен мед, здрав и безбедно произведен.

Advertisement

Медот е природен производ кој одамна се користи и во лековити својства, но сè почесто на пазарот се среќаваат фалсификати. Стручњаците советуваат неколку едноставни блиц-тестови кои можете да ги направите дома за да бидете сигурни дека сте купиле вистински мед.

пекселс

Лажичка мед во чаша вода

Еден од најпознатите методи е да се стави лажичка мед во чаша вода. Природниот мед ќе се спушти на дното и ќе се згрутчи, додека лажниот веднаш ќе се раствори.

Advertisement

Ќибритче натопено во мед

Еден од интересните тестови е со користење на ќибритче натопено во мед. Вистинскиот природен мед нема да го спречи палењето на ќибритчето, бидејќи не содржи значителна количина вода. Напротив, лажниот или вештачки мед, поради присуството на вода и дополнителни засладувачи, го отежнува палењето и ќибритчето, односно тоа едноставно не може да се запали.

Триење меѓу прсти

Друг домашен трик е да се истријат неколку капки мед меѓу прстите. Природниот мед полека се впива во кожата и не лепи премногу, додека вештачкиот мед оставa леплива трага поради додадениот шеќер.

Капки на хартија

Ако капки мед се стават на хартија, вистинскиот мед долго време не ја пробива, додека лажниот навлегува многу побрзо.

Advertisement

И интересно, природниот мед ретко ги привлекува мравките, додека лажниот, поради шеќерот, често е „магнет“ за мравки.

Тест со леб

Медот може да се тестира и на леб – природниот мед го стврднува лебот за неколку минути, додека лажниот го навлажнува.

пекселс

Во устата пак, вистинскиот мед создава благо пецкање пред голтање, што лажниот не може да го имитира.

Во микробранова

Кога се загрева во микробранова печка, природниот мед брзо се карамелизира и не пени, додека вештачкиот создава меури и потешко се карамелизира.

Со текот на времето, вистинскиот мед кристализира, додека лажниот останува течен и сирупест.

Боја и арома

Дополнителен знак дека медот е природен е бојата и аромата – природниот мед има длабока, богата боја и комплексен вкус кој се менува со времето, додека индустриски произведениот мед има поедноставен, премногу сладок вкус.

Исто така, лабораториските анализи од „Нешнал хани борд“ покажуваат дека природниот мед има уникатна комбинација на антиоксиданси, ензими и минерали кои се намалуваат или сосема исчезнуваат во лажниот мед.

Со овие едноставни домашни тестови и проверка на бојата и вкусот, секој љубител на квалитетен мед може да се увери дека на трпезата има вистински природен мед, здрав и безбедно произведен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button