Татјана Џамбазова откри зошто нема деца во животот – нејзиниот одговор предизвика бура од реакции
И додека едни коментираат дека ова е премногу интимно прашање и го критикуваа водителот, други се на ставот дека не треба да има табуа, но и дека гостинката дала одговор што едноставно никого нема да остави рамнодушен...

„Колку зрел одговор“, пишува во еден од коментарите…
Тања Џамбазова, сестрата на Игор Џамбазов, во интервјуто кај Лазаров зборуваше за многу приватни работи од својот живот.
Таа во еден дел од интервјуто изјави дека отсекогаш многу сакала деца, па откри и зошто не се остварила во улога на мајка.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Имено, познатиот водител и јутубер ја праша зошто и таа како и нејзиниот брат нема да остави поколение, односно некој што ќе го наследи нивниот уметнички талент, на што Џамбазова одговори многу искрено, а овој дел од интервјуто предизвика и бројни реакции на социјалните мрежи од страна на гледачите.
Имено, Џамбазова беше потполно искрена и изјави дека отсекогаш сакала да има деца, но и дека вистинскиот човек го сретнала дури кога веќе било предоцна, така што денес и е многу жал.
Принтскрин/ Инстаграм, Стефан Лазаров
Еве го нејзиниот одговор:
„Секогаш сакав да имам деца, немаше шанси да замислам дека јас нема да имам деца, бидејќи мене ме сакаат само животни, деца и будали луѓе“, вели Џамбазова на почетокот од нејзиниот потполно искрен одговор, па продолжи да зборува на оваа тема.
„Меѓутоа, не верувам дека се прави дете само затоа што треба да се направи. Не сретнав човек или бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше, не сретнав човек со кого што ќе сакав да имам дете, сите години во Виена, во Лондон, во Париз бев претежно сама и кога го сретнав човекот за кого што зборував веќе беше доцна. Така што мене ми е секако многу жал, ама не беше тоа некоја одлука. Ниту сум кариеристка, па нешто заради кариерата, никако. Бев сигурна дека ќе имам деца..“, му одговори Џамбазова на Лазаров.
Принтскрин/ Инстаграм, Стефан Лазаров
Оваа снимка во која Џамбазова зборува искрено и за најинтимните прашања предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
И додека едни го осудуваат новинарот што се дрзнал да ја праша за работи кои не треба да се зборуваат во јавност, други се на негова страна и коментираат дека во 21 век не треба да има табу теми.
„Како човек кој многу тешко се носел со ваквото прашање би додала само дека ова е апсолутно перверзно и премногу интимно прашање. Посебно за луѓето што не можат да се остварат како родители, а имале преголема желба независно од причината. Сметам дека содржината на поткастот е квалитетна но страшно безобразно вакво нешто да се издвои од сето тоа што е убаво и поучно. Не сакам со коментарот никого да навредам ама веќе еднаш за секогаш прекинете да прашувате за тоа кога, како и зошто. Во денешно време па и не е така лесно да се оствари секој како родител“ пишува во еден од коментарите под видеото што го објави Лазаров.
Принтскрин/ Инстаграм, Стефан Лазаров
Принтскрин/ Инстаграм, Стефан Лазаров
Но секако дека многумина застанаа и во одбрана на Лазаров, па така во продолжение и еден од овие коментари:
Од криење и потискање на теми и емоции сме дошле до ова ниво. Треба да се збори јавно јасно и гласно на овие теми со цел да се опуштат сите кои се наоѓаат во сличен ќош да говорат за слични ситуации или проблеми со плодност.
Принтскрин/ Инстаграм, Стефан Лазаров
Исто како и со други сензитивни теми (канцер,дијабет,аутизам) кои ние со сила ги правиме да се табу. Најважно е тоа што Стефан немаше нападна и лоша енергија ниту провокација кон гостинката, која верувам дека се сложила да збори на темава пред да влезе во студиото, пишува еден корисник на социјалните мрежи, и е само еден од многумината што коментираа и се согласуваат со ова мислење.
Инаку, Џамбазова откри и дека била мажена еднаш за српскиот актер Горан Шушљиќ, но дека бракот им траел само шест дена.
Дел од нејзините искрени одговори погледнете ги во продолжение: