Познатата фолкерка шокирана по изјавата на Боки – контроверзниот шоумен без влакна на јазикот
Боки зборуваше за пеколот зад решетки, но и на познатата пејачка и направи скандал каков што не очекуваше...

Направи шоу за кое ќе се зборува со денови
Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, беше гостин во „Ами-џи шоу“ и сега цел Балкан гледа делови од емисијата кои преку ноќ станаа вирални и имаат милионски прегледи на социјалните мрежи.
Тој во емисијата зборуваше за затворските денови во Идризово, но се потсети и на денот кога беше уапсен.
Принтскрин/ Јутуб, Пинк
И како што вели самиот Боки, наместо Миконос, тој на крај стасал во Шутка и потоа долги години останал зад решетки.
Пред камерите зборуваше за тешките денови во затворот, за тепачката во која и тој и неговиот пријател биле нападнати и претепани од други затвореници, за проблемите со здравјето што ги имал и односот на одговорните додека бил во притворот во Шутка, кои не му дозволувале да се лекува надвор од затворските келии.
Принтскрин/ Јутуб, Пинк
„Молев за хоспитализација, а тие ми велат – ‘Извини, нема место’ и ме враќаа во притвор“, вели Боки.
Од овие причини неговата здравствена ситуација се искомплицирала, заради што бил многу блиску и до смртта.
„Ме спаси дежурниот доктор. Бев во притвор, во 7 часот наутро имав таква болка каква никогаш не сум почувствувал. Се ме болеше. Дојде брза помош, ми дадоа дијазепам. Бев црн како сакото. Дури околу 3 часот, 3 и пол, ме однесоа на клиника. Докторот ми кажа дека имам 20 минути или да преживеам или да добијам сепса“, изјави Боки.
Инстаграм
„Жено, ти не можеш без…“
Но покрај сеќавањата на затворските денови, Боки привлече внимание и со своите контроверзии што му се случувале порано.
Тој откри дека двајца познати мажи од естрадниот свет го „мувале“ во минатото (повеќе за ова прочитајте тука), а со своето однесување ја извади од памет и пејачката Александра Младеновиќ која исто така беше гостинка во шоуто и седеше веднаш до него.
Принтскрин/ Јутуб, Пинк
Имено, Александра седеше покрај Боки и ја промовираше својата нова песна која што ја сними со кумата Вања Мијатовиќ.
Ситуацијата во студиото од самиот почеток беше напната, а Боки цело време ѝ дофрлаше на пејачката, така што во еден момент дојде и до расправа. Кулминацијата настана кога водителот ја праша дали би му се вратила на поранешното момче, а Александра одговори:
„Јас кога ќе ставам точка, не ставам запирки и не се враќам. Нема моментално ништо, ама имам многу додворувачи“, изјави пејачката.
View this post on Instagram
Боки како Боки, ова не можеше да го премолчи, па некако природно му дојде да се надоврзе на нејзиниот одговор.
„Ти имаш додворувачи како Ѕвезда навивачи, ама имаш уште нешто. Ти си мала џебна Венера, не можеш ти, жено, да бидеш без с*кс, во тој фустан, јас тоа го гледам, остави го тоа сега“, изјави Боки.
„Дали си ти нормален, што зборуваш? Заради с*кс? Сакаш да одиме да видиш дека сум како Ева Рас?“, му врати пејачката.
„Имаш катанец?“ ја праша Боки, по што се насмеаја сите во студиото, а пејачката по емисијата, во изјава за „Нова.рс“, откри дека воопшто не му се налутила на Боки бидејќи неговите коментари биле токму за да направи шоу, така што за него има многу позитивно мислење.
„Кога се изгаснаа камерите разговаравме нормално и јас навистина сум многу позитивно изненадена“, изјави Александра за „Нова“.