NEWSБизнисВести

Пропаѓа позната германска фабрика омилена и во Македонија

Advertisement

Бош, компанија синоним за германска прецизност и сигурност, е во сериозна криза и планира да отпушти илјадници работни места во наредните години

Речиси нема домаќинство на Балканов кое не поседува еден од уредите на Бош, кој со децении е синоним за квалитет, особено кога станува збор за домашни апарати, електрични алати или автомобилска технологија.

Advertisement

Но, зад името кое со години е симбол на германска прецизност и сигурност, сега се крие сериозна криза која може да има длабоки последици, не само за фабриката, туку и за целиот регион Баден-Виртемберг.

Бош планира да отпушти илјадници работни места во наредните години. Менаџерите Маркус Хајн и Стефан Грос наведуваат дека целта е да се заштедат 2,5 милијарди евра до 2030 година за да се одржи маржа на профит од седум проценти.

Проблемите се предизвикани од кризата во автомобилската индустрија, транзицијата кон нови технологии за погон и зголемената конкуренција, особено од Кина. Претходните мерки за штедење не дадоа резултати, па затоа намалувањата ќе продолжат. Секторите поврзани со контролни единици, системи за погон, софтвер за возила, делови за електрични автомобили и инженерски услуги се особено погодени.

Advertisement

Германскиот автомобилски сектор како целина поминува низ тежок период – компании како Daimler и Porsche се борат со транзицијата кон електромобилност, додека добавувачите ги чувствуваат последиците од крајот на моторот со внатрешно согорување. Синдикатот IG Metall и работниот совет предупредуваат дека мерките за штедење веќе се спроведени со последици за вработените.

„Не затвораме очи пред напнатата ситуација во која моментално се наоѓаат германската и европската автомобилска и добавувачка индустрија. Сепак, веќе се спроведени обемни мерки за штедење на различни локации во Bosch со последици за вработените“, рече Франк Сел, претседател на главниот работнички совет.

Сепак кризата во оваа земја се чувствува во сите сектори. Многу Германци сè повеќе ги финансираат своите дневни трошоци со кредити. Студија покажува дека младите луѓе особено се потпираат на помош од роднини, објавуваат германските медиуми.

Многу луѓе во Германија дури и ги финансираат секојдневните трошоци како што е купувањето намирници на кредит. Ова е резултат на репрезентативна анкета спроведена од институтот за истражување на јавното мислење „Сивеј“ во име на „Барклис“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button