Сестринство без граници: од Нов Зеланд до Македонија, љубовта на Ребека и Хелена ги надминува далечината и времето
Ребека го слави денот, Хелена ѝ честита од другата страна на светот

Една од најпопуларните водителки во Македонија, Хелена Роза, денес јавно ѝ го честиташе роденденот на својата сестра, популарната пејачка Ребека, преку Инстаграм. Во својата порака, таа ја искажа длабоката сестринска љубов која се негува и споделува низ годините.
Овој гест е уште еден доказ за односот што трае, кој не се потклекнува пред времето и пред предизвиците. Сестринството помеѓу двете очигледно не е само врска на крв, туку и на искрена поддршка и заедничка грижа, која со секој изминат ден станува посилна.

Во свет каде што секојдневието често ги оддалечува блиските, ваквите моменти потсетуваат колку е важно да се негуваат и да се споделуваат љубовта и блискоста меѓу сестрите.
Инаку, за потсетување, кон крајот на 90-тите години Ребека беше една од најпопуларните и најуспешни поп-пејачки во Македонија. Нејзините видео-записи беа буквално пред времето, но и денес изгледаат актуелно и модерно.
Ребека е исклучително блиска со својата мајка и нејзината сестра Хелена Роза, а мора да се признае дека убавината во нивното семејство е наследна, за што сведочи и фотографија која пред една година Ребека ја сподели на социјалните мрежи.