NEWSВестиВестиПрепораки

Штип под едно небо: Светлината на сеќавањето не згаснува

Светлината на овие животи нема да згасне - Македонија не заборава!

Advertisement

Вечерва, на Градскиот плоштад во Штип, „Слобода“, ќе се одржи емотивен настан во спомен на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Токму денес, на 16 септември, Македонија одбележува точно шест месеци од моментот кога 62 млади животи згаснаа засекогаш, меѓу нив и петмина штипјани.

Настанот започнува во 20:00 часот со палење свеќи, симбол на светлината, љубовта и трајното сеќавање. Во 20:30 часот, сите присутни ќе ги подигнат светилките од своите мобилни телефони кон небото, создавајќи моќна порака, „ѕвездено небо“ во чест на младите кои трагично го загубија животот на 16 март годинава.

Advertisement

Граѓаните се повикани да излезат и заедно да покажат дека болката е заедничка, а сеќавањето вечно.

Инаку, семејствата на загинатите штипјани, како дел од главната организацијата и иницијатива,  најавија дека штипјанецот Горан Тонев, кој беше меѓу повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, вечерва ќе биде дел од настанот во Штип посветен на сеќавањето.

За потсетување, со длабока благодарност за животот, само неколку месеци по кобната вечер во Кочани, Горан за Гламур во месец мај изјави: „Бог ми даде втора шанса – моја должност е да ја живеам со почит кон оние што ги изгубивме.“

Advertisement

Вечерва, присуството на младиот Тонев на плоштадот „Слобода“, ќе биде само уште еден потсетник на силата, болката и надежта што ги запечати оваа трагедија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button