„Добра ноќ смрдено Скопје“: Познатиот новинар со коментар за состојбата во главниот град

Познатиот новинар Љупче Златев ја коментираше состојбата во Скопје со загадениот воздух. Вели дека во Вардариште во исто време секоја вечер се палат кабли. Тој не верува на огласувањата од Владата и посочува дека бездомници немаат ваква професионална дисциплина.
„Денеска воздухот во Маџари-Хиподром беше значително подобар. Тоа не мотивираше, па во Скопје се врати сопругата со син ми кои беа евакуирани во Пехчево. За жал, од утре сепак сите имаме обврски. Некој на работа, некој во градинка, но сите мечтаејќи по чист воздух во нашата татковина, која од очигледно нерационални причини се уште не сме се охрабриле да ја напуштиме.
Излегов на тераса околу 9:45 да подишам чист воздух, радосен дека конечно не смрди!
Но, точно во 10:00 почна полека да замирисува на изгорена пластика. Значи не во 9:57, не во 10:02, туку смрдеата почна точно во 10:00.
Да, преку моето седење на тераса, мојот ретко затнат новинарски нос, во серија констатира дека секоја вечер почнува да мириса во исто време: Помеѓу 10 и 12 и трае негде до 03 или 04 по полноќ.
Во исто време, дописникот од Ново Лисиче, Dragan Milosavljevic ми јавува дека состојбата е слична на другата страна од Вардар.
Извинете, ама некако не ја примам теоријата дека вака точно се наштелувани бездомниците кои живеат покрај Вардариште и во исто време секоја вечер палат кабли.
Бездомници немаат ваква професионална дисциплина… мислам дека оваа теорија која е општо прифатена од политичкиот спектрум, сериозно ми ја потценува интелегенцијата. Можеби сум параноичен ама: Prove me wrong.
Мислам дека приказната за бездомниците (расистички често етикетитани како Роми), најверојатно е креирана од некој корпоративен социопат кој тука негде гори акумулатори, батерии или некаков пластичен отпад.
Ги замолувам институциите, на кои по подолго време им верувам, да го најдат овој корпоративен социопат!
Смрдеата вечерва, во интензитетот е помала но во миросот е иста со онаа од некни од Трубарево. Токму затоа верувам дека се гори нешто слично.
Добра ноќ, смрдено Скопје!“, посолува Златев на својот профил на Фејсбук.