Плива во езерото, излегува во казино, не може глава да дигне од додворувачи – необичниот живот на Добрила

Победничката на третата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“, Добрила Чабриќ, и со свои 97 години докажува дека за вистинската радост на животот, навистина никогаш не е доцна.
Во неодамнешен разговор за Гранд, Добрила откри дека не ѝ недостасуваат енергија, ниту желба за одлично ноќно дружење.
– Обавезно излегувам навечер. Во казино, се разбира. Бев менаџер во казино 6 години и тој работен ангажман ми е многу познат, а имам и многу пријатели кои доаѓаат од Грција … и каде да се видиме ако не во казино? Рестораните и храната не ме интересираат, затоа што во мојот дом сама си ја подготвувам. Дружењето во казино за мене е возбудливо, одлична терапија. Малку смеа, малку шала, расправии … Сè има. Инаку, пеев и низ казината за време на викендите. Тоа се одлични спомени кои сè дел од мојот живот“, изјави Добрила неодамна за Гранд, на која ведриот дух ѝ помага да изгледа барем неколку години помладо.
Она што е уште пофасцинантно е тоа што Добрила и понатаму сама патува низ регионот, и тоа зад воланот на својот автомобил.
– Постојано патувам и денес со автомобилот, извршувам сѐ што ми е неопходно. Поради сообраќајната незгода, денес малку ми е отежнато одењето, но затоа пак во слободно време често пливам, а откако ќе завршам со пливање се враќам дома. Овие активности се само дел од моето секојдневие“, вели Добрила која живее во Дојран, Македонија.