Страшна трагедија во Велес: Двојно убиство, па самоубиство

Тешка семејна трагедија попладнево го потресе Велес – две лица се убиени, а напаѓачот, кој според првичните информации бил поранешен невенчан сопруг на една од жртвите, си го одзел животот.
Неофицијалните информации велат дека жената повеќепати го пријавувала во полиција поради закани кон неа и кон нејзиниот татко.
Во минатото имало и инцидент со палење на нејзино возило, како и физички напад во кој жртвата и нејзиниот нов партнер биле претепани во нејзиниот дом.
Извори од Велес тврдат дека жената им укажувала на полицајците дека не реагираат доволно и дека насилникот би можел да ја убие, пренесуваат локалните велешки медиуми.
Од СВР Велес најавија дека во текот на денот ќе излезат со официјални информации за настанот и за сите детали кои го довеле до овој трагичен исход.