Беквалац се разголе, но ги стопли срцата: Нашата љубов е нераскинлива – иако разделбата е неизбежна!

Познатата пејачка Наташа Беквалац и нејзината ќерка Хана ги бројат последните денови заедно во Шпанија, пред Хана да започне со студиите во Валенсија. Откако пристигнале во Мадрид, одлучиле во овој период да го искористат секој момент за да создадат незаборавни спомени, уживајќи во заедничкото време пред емотивната разделба.
Како што објасни Беквалац на нејзиниот Инстаграм профил, последните денови ги користи фокусирано на шопинг за новиот дом и подготовки за новиот живот на Хана. Но денес, тие решија да го поминат денот на плажата во Валенсија. Наташа трчаше по песочната плажа, облечена во бел костим, додека Хана ја снимаше, насмеана и исполнета со среќа.
Инстаграм/ Наташа Беквалац
И покрај тоа што Хана сама ќе го продолжи својот пат во животот, Наташа е среќна што има можност да го поминува секој момент со неа пред разделбата.
„Љубовта меѓу мајка и ќерка е безусловна и нераскинлива — иако разделбата е неизбежна“, порача Беквалац.