Бугарски организации делат ресивери низ Македонија, телевизија од Австралија им даваат на нашинците во Бугарија

Бугарски организации почнаа бесплатно да доделуваат ресивери во Македонија за да се гледаат бугарски тв програми и да се шири бугарската пропаганда низ Македонија. Како одговор, македонската сателитска телевизија ИНТВ ќе доделува бесплатни ресивери за сите Македонци во Бугарија кои се чувствуваат Македонци!.
„Деновиве на социјалните мрежи кружат соопштенија од Фејсбук-страници зад кои стојат организации од Бугарија, со цел заведување на Македонците. Во нив се тврди дека се доделуваат бесплатни ресивери во Македонија за гледање на бугарски телевизиски програми.
Контра на оваа кампања, Македонската сателитска телевизија ИНТВ објави сопствена акција – бесплатни ресивери за сите Македонци во Бугарија кои се чувствуваат Македонци!
Секој заинтересиран може да се обрати директно до ИНТВ, а ресиверите ќе им бидат доставени.
Македонската песна, култура и традиција – секогаш со вас!“ – порачаа од телевизијата.
Поради големиот интерес, ресиверите ќе се доделуваат преку македонски здруженија во Бугарија.