Вести

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ кои чекаат поврат

Advertisement

Граѓани на социјалните мрежи реагираат дека на трансакциските сметки не им стигнала исплатата на „Мој ДДВ“, иако рокот беше до крајот на август.

Велат дека досега немало проблем.

Advertisement

Од Управата за јавни приходи известија дека исплатата е извршена за сите корисници кои имаат точни и ажурирани податоци во системот.

– Исплатата за вториот квартал од 2025 година (април – јуни 2025 година) е успешно реализирана. Исплатени се вкупно 881.020.500 денари, односно 14.324.725 евра, кон 502.983 корисници кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ – велат од УЈП.

Како причини поради кои некои корисници сè уште немаат добиено средства од Управата се наведуваат: промена на трансакциска сметка во текот на исплатата, неточни или неажурирани лични информации, како и поради технички грешки при внес на податоци.

Advertisement

–Затоа апелираме до корисниците да ги проверат своите податоци во апликацијата „Мој ДДВ“ и да се осигурат дека трансакциската сметка е правилно внесена и активна. Во наредниот период, исплатата ќе продолжи кон сите корисници кои направиле ажурирање на податоците. За дополнителни прашања, корисниците може да се обратат во Контакт-центарот на УЈП 02 3253 200 или на [email protected]

Оттаму, исто така, информираа дека поради планирани активности за надградба на опремата, системот е-Даноци ќе биде недостапен од петок, 12 септември 2025 година, од 14:00 часот.

– За време на интервенцијата нема да биде можно поднесување на пријави и na други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Останатите системи на УЈП ќе продолжат со редовна работа.

Системот е-Даноци ќе биде повторно достапен веднаш по завршувањето на техничката интервенција. Ги охрабруваме сите корисници навремено да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнувањето на интервенцијата – велат од УЈП.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button