NEWSВести

Миле Јанакиески стана сопственик на градежна инвестициска групација

Advertisement

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески стана еден од сопствениците на градежниот конзорциум „Смарт Инвест Гроуп“, кој обединува неколку познати градежни инвеститори од пелагонискиот регион во изградбата на станбени комплекси, пренесе Фактор.

Поранешниот најблизок соработник на екс-премиерот Никола Груевски во „Смарт Инвест Груп“ од изминатата недела станува член на групацијата на местото на градежниот инвеститор Крсте Неделковски од Битола, инаку познат како сопственик на градежните фирми „Конкрит“, „БВ Инженеринг“.

Advertisement

„Смарт Инвест Гроуп“ на својата веб-страница информира дека во моментов има инвестициски фонд од 30 милиони евра и дека гради станбени згради во битолската елитна населба „Златен рид“, Широк Сокак и други атрактивни локации во овој град, како и во Куманово и Скопје, каде ќе се гради комплекс од 128 станови кај Момин Поток во Карпош.

За поранешниот министер за транспорт и врски неофицијално се зборува дека е актуелен консултант за земјиште на големи градежни моќници. Концептот на работа на „Смарт Инвест Гроуп“, основан пред две години, е да собира заеднички средства од инвеститори кои би вложувале во идни градежни проекти.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button