Вести

Мицкоски: Ова што се случува е резултат на центри на моќ во и надвор од земјава кои сакаат оваа Влада да не успее

Advertisement

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пожарите што се случуваат во државата се организирани од центри на моќ од државата и надвор, за што, како што нагласува, има информации од службите.

-Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат и сакам да упатам апел и до граѓаните дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот кој што следи, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее. Ние ќе се бориме. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да креираат, да лешинарат, а ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање во Трубарево, каде избувна пожар во објект со електронски отпад.

Advertisement

Додаде дека она што се случува сега и она што се случуваше летото и со кое успешно се справиле, ќе продолжи, затоа што, како што нагласи, „некој има интерес тоа да продолжи“, но оти ќе биде поразен.

Прашан дали фирмата за управување со отпад каде што се случи пожарот ги исполнувала условите кои се наведени во лиценцата, рече дека таа е добиена во 2021 со важност до 2031 и соодветно на тоа што било дадено како лиценца тие декларирале дека го поседуваат.

-Можете да забележите и останати отпади во периметарот на пожарот, ги гледате условите под кои тие работат, а исто така ги гледаме условите од отпадите кои работат ширум државата. Ако мене ме прашате, тоа не се услови под кои треба да работат. Но истовремено, сите овие физички и хибридни напади кои се случуваат ќе ги таргетираат ваквите слаби страни и ќе продолжат да се случуваат, рече Мицкоски.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button