Еве кога почнува „Никогаш не е доцна“ – покрај Жика, уште еден омилен лик од естрадата
Никола веќе имаше искуство како член на жирито во претходните сезони, а познат е по тоа што неговите критики се искрени, но секогаш позитивни и мотивирачки.

Омилената музичка емисија „Никогаш не е доцна“ почнува со својата 11 сезона. Жика Јакшиќ се враќа на малите екрани, а бројната публика едвај чека да го види популарниот водител по боледувањето.
AdvertisementView this post on Instagram
„Што да ви кажам, радосен сум што успеав да се рехабилитирам, мислам, не сум сто отсто, можда сум некои 85-90 отсто, не гледам дека нешто ви фали, мислам вие најдобро ги знаете тие детали, некогаш во разговор ми недостига збор, или така нешто, е сега, тоа соговорникот не го забележува, ама јас имам малку траума во главата, знаете…“- вели Жика на неговото појавување на снимањето на првата епизода.
Првата емисија ќе биде емитувана в недела, на 21 септември, од 21 часот, на Прва телевизија во Србија, како и на сите регионални емитери каде што досега се емитуваше емисијата.
Покрај долгогодишниот водител Жика Јакшиќ, кој минатиот период се соочи со здравствени проблеми, односно со преживеан мозочен удар, и извесен период беше отсутен од јавноста, до него ќе го видиме омилениот естраден лик Никола Роквиќ во сточето на жири-комисијата. Никола веќе имаше искуство како член на жирито во претходните сезони, а познат е по тоа што неговите критики се искрени, но секогаш позитивни и мотивирачки.
View this post on Instagram
Покрај Никола, во столчињата на жири-комисијата ќе седат и оперската дива Љубица Вранеш и продуцентот и творец на големи поп хитови, Саша Милошевиќ Маре, кои заедно ќе ги оценуваат настапите на учесниците од различни возрасти.
Новост е сценографијата која досега невидена и од светски ранг.
Емисијата повторно ветува незаборавни музички моменти, емотивни приказни и настапи кои, најверојатно, повторно ќе ги воодушеват гледачите.
„Никогаш не е доцна“ и оваа сезона продолжува да биде платформа за сите кои сакаат да ја реализираат својата музичка страст, без оглед на возрастa.
Со новите натпреварувачи, уникатните изведби и инспиративните приказни, шоуто повторно ќе настојува да ја покажува магијата на музиката која обединува генерации. И како што велат од продукцијата: никогаш не е доцна за остварување на сонот и талентот.