За да се подготви совршено пире, компирот не треба да се вари – готвач сподели рецепт за вкус од соништата на омиленото јадење
Советите можат да помогнат да се направи совршено пире без да се вари компирот.

Компир-пирето одамна стана синоним за домашен комфор на трпезата. Навистина, изгледа дека ниту едно друго јадење не може да предизвика толкава носталгија по детството, како култниот сочен прилог.
Сепак, како што често се случува со популарните јадења, секој има свој посебен рецепт. Некои го заменуваат млекото со крем, други сметаат дека е подобро да се користи блендер наместо традиционалното мешање или толчење, а трети претпочитаат да додаваат различни зачини и билки за дополнителен вкус.
Свој необичен начин на подготовка реши да се сподели и еден шеф-готвач од популарниот ресторантoт Фалоу. На официјалниот профил на ресторантот на Тик-ток, тој објави видео во кое ги откри главните тајни што ги користи при подготовка на компир-пирето, кое всушност, и најомиленото јадење на неговите гости во ресторанот.

Според него, советите можат да помогнат да се направи совршено пире дури и без да се вари компирот.
„Едноставно ставете крупна сол на плех и наредете ги компирите врз неа“.
Advertisement
Потоа готвачот советува да се печат во рерна на 160-180 степени додека компирот целосно омекне. Печeњето во сол помага коренастиот зеленчук да се зготви рамномерно и да не изгорe на одредени места, оставајќи делови недоварени. Потоа, компирите се вадат од рерната и се остават малку да се оладат.
Следно, компирот се сече на половини и се претвора во пире, поминувајќи го низ сито.
Готвачот советува да се направи тоа додека компирот е уште топол, бидејќи така полесно се дроби.
Потоа, продолжува на класичен начин: додава топло млеко и путер, како и црн пипер. Така се добива густо и ароматично пире. Доколку е потребно, експертот советува да се додаде уште малку млеко за да се постигне идеална конзистенција.