NEWSВести

Туморите исчезнаа штом го допрев Чесниот пoјас – исповед на познатата оперска пејачка

Сè започнало со големата мака која Тина долго ја криела во себе. Имала мали тумори на вратот, под рацете, на градите, што не само што ѝ носеле болка, туку ја туркале кон емоционален колапс.

Advertisement

Денес, кога Православната црква го чествува споменот на Положувањето на Чесниот Појас на Пресвета Богородица, повторно се потврдува дека нејзиното застапништво е живо и дејствено низ вековите. Овој празник не е само потсетник на древната реликвија што се чува како големо богатство, туку и сведоштво за различни неверојатни искуства што продолжуваат да се случуваат.

Такво искуство доживеала и сопранката на Националната опера на Атина, Тина Пулу, која во својата лична исповед за грчките медиуми, опишува како поклонувањето пред Појасот ѝ донело исцеление на болеста со која се борела, а набрзо потоа и мир и сосема нова духовна сила. Ова искуство, како што опишува таа, ѝ го променило животот засекогаш.

Advertisement

Сè започнало со големата мака која Тина долго ја криела во себе. Чувствувала и болка, но и голем страв. Имала мали тумори на вратот, под рацете, на градите, нешто што не само што носело физичка болка, туку ја туркало кон емоционален колапс.

принтскрин инстаграм

Не бил случаен денот, според сопранката, кога при болки чула дека Чесниот Појас ќе биде изложен во Неа Ионија. Имено, кога пријателката ѝ рекла дека таа реликвија ќе биде достапна да се види, нешто, длабоко внатре во неа, ја повикало да оди.

Со своите деца покрај себе, Тина Пулу влегла во црквата, водена од желбата да се поклони пред Чесниот Појас на Пресвета Богородица. Уште на почетокот чувствувала страв и неизвесност, но атмосферата во храмот, тишината и спокојот што го нудел просторот, постепено ѝ донеле чувство на комфор. Кога се приближила до Појасот, светот околу неа како да замолкнал, раскажува сопранката, и додава дека почувствувала нежно, благо присуство и неопислив мир, а миризливиот „здив“ што го приметила ја растопил секоја сомнеж и страв во нејзиното срце.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Се чувствувала како да ја исполнува божјиот мир, кој го обвиткувал секој дел од нејзиното тело, давајќи ѝ сила и утеха што не можела да се опише со зборови.

„Таа вечер заспав спокојна, како ништо тешко да не сум имала во својот живот“, раскажува Тина.

Веќе следното утро се случило нешто што не може да го објасни. Сите тумори исчезнале.

„Ги барав, ама веќе ги немаше. Исчезнаа!“ се сеќава сопранот.

По сето тоа, нејзиниот живот не бил ист. Појасот станал дел од нејзината молитва, централна точка на нејзината благодарност. Сега, кога пее, кога свири, кога живее, таа зборува за тоа искуство не како мит, туку како жив спомен.

принтскрин јутјуб

Што е Чесниот Појас?

Часниот Појас, според православното предание, е последната земна реликвија од Пресвета Богородица. По нејзиното Успение, кога апостолот Тома пристигнал, Богородица му го предала својот појас, дар кој сведочи за нејзината човечка природа и небесна величина. Тоа не е само симбол на нејзината смрт, туку и на нејзино воскресение и вечниот живот.

Денес Појасот се чува во манастирот Ватопед на Света Гора како една од најпочитуваните светини на православието. Од таму, реликвијата се изложува за поклонување кога се празнуваат празниците посветени на Богородица, а верниците веруваат дека оној кој со вера пристапува, може да добие утеха, не само за душата, туку и за телото.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button