MAMAДом и семејствоРецепти

Пинџурот на баба Деса е повкусен од ајвар – еве како го „крчка“ и што му додава, рецепт што не се заборава!

Баба Деса од Струмичко ни носи едноставен но незаборавен рецепт за домашен пинџур, а штом го пробате ќе заборавите на ајвар. Ни открива - тајната е во традицијата.

Advertisement

Во Струмичко, областа позната по богатите, сочни пиперки и домати, и по сончевите полиња, семејствата со генерации ја чуваат традицијата на подготовка на зимница.

Еден од најпознатите рецепти што се пренесува од баба на внука е пинџурот, а нам ни го откри 80-годишната баба Деса. Станува збор за комбинација од црвени пиперки, домати, лук и магдонос, но има толку изразен, интензивен вкус и богата арома.

Advertisement

За разлика од класичниот ајвар, овој пинџур има поинтензивна свежина и природна слаткост, благодарение на доматите и магдоносот, но секако и на внимателното пржење што придонесува да се потенцира секоја ароматична нота.

Состојки:

8 кг црвени меснати пиперки

4 кг домати

Advertisement

400 мл масло

400 мл оцет

5 лажици шеќер

2 главици лук

2 врзувки магдонос

Сол по вкус

(по желба, неколку лути пиперки за љубители на лутко и позачинето)

принтскрин јутјуб

Подготовка:

Испечете ги пиперките, излупете ги и исчистете ги од семките, па оставете ги преку ноќ да се исцедат. Следниот ден исечете ги на резанки.

Доматите прелијте ги со врела вода, излупете ги и исечкајте ги на коцки.

Во голем лонец ставете го шеќерот и гответе додека не се преполови, потоа додадете ги пиперките, маслото, лукот, магдоносот и сол по вкус. Пржете до посакуваната густина.

На крај, додајте оцет и кратко проварете.

принтскрин јутјуб

Топлиот пинџур се става во топли стерилизирани тегли, па се пече во веќе топла, но исклучена рерна до утрото. Следниот ден преку пинџурот се става парче целофан натопено во есенција, па се затвора со метален капак или се врзува со целофан.

принтскрин јутјуб

Совет за чување:

Пинџурот најдобро се чува на темно и ладно место. Ако е правилно стерилизиран, ќе трае цела зима без да се расипе, а секоја тегла ќе ја чува богатата арома на струмичкото сонце и вкусот на домашната традиција.

принтскрин јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button