Новости

„Меморија“ главни ѕвезди, бројни македонски изведувачи на „Вкуси го југот“ во Гевгелија – од 12 до 14 септември

Традиција, култура и забава во три дена - исклучиво македонски изведувачи на манифестацијата „Вкуси го југот“ во Гевгелија, „Меморија“ главни ѕвезди.

Advertisement

Од 12 до 14 септември Гевгелија ќе биде домаќин на третото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the south). Традиционална културно-забавна манифестација за промоција на Гевгелија, која не е само обичен тридневен музички хепенинг, туку преставува своевидна фузија на традицијата, културата и забавата и тоа во повеќе сегменти.

Под покровителство на општина Гевгелија и годинава најјужниот град во Македонија на локација кај новиот пазар три дена ќе пулсира и живее во духот на она што југот го има како традиција во гастрономската понуда, на подготовка на домашни специјалитети подготвени по традиционални рецепти.

Advertisement

Како што вчера беше истакнато и на прес-конференција одржана во општинската зграда на која говореа градоначалникот на Гевгелија, Андон Сармандов, првиот човек на продукцијата која е коорганизтор – Пане Темов и официјалниот ПР на годинешната маниестација, Антонио Димитриевски, во нејзините содржини е предвидена и богата културно-уметничка и едукативна програма која ќе ја збогатат културно-уметнички друштва и фолк ансамбли и солисти, тука се школата за тапани, школата за гитара, школата за танци, детскиот фестивал „Калинка“ и уште многу други, разновидни содржини за сите вкусови и возрасти.

Вечерните настапи и концерти на мноштвото млади, локални изведувачи и секако внимателно направен избор исклучиво од најпознатите македонски етно, поп и рок пејачки ѕвезди и бендови се најатрактивниот дел од програмата, во кои ќе кулминира забавата за сите генерации.

Така распоредени во три вечери, 12, 13 и 14 септември, меѓу останатите свои настап ќе имаат „Љубојна“, Дани Димитровска, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Антониа Гиговска, Јанг Дади… а ѕвезди не само на третата вечер туку и убедливо најголемо име на целата фестивалска манифестацијае легендарната македонска група „Меморија“ која ќе го затвори фестивалот со свој целовечерен концерт во недела, на 14. септември со своите познати хитови: „Нена“, „Одам за секогаш“, „Снежо, Снежана“„Дирлада“ … како и безвременските балади „Оган под ѕвездите“, „Зошто Боже“, „Нашите слики“ или последната „За тебе“.

Advertisement

Ова е распоредот на комплетната програма по денови:

Се на се, во три дена во Гевелија ќе има што да се види, слушне и вкуси… Ќе биде градот во кој спојот на традицијата, културата и забавата ќе доминираат на југот на Македонија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button