Од овој пијалак килограмите скокаат како луди, а мозокот се оштетува – сите мислевме дека е обратно и корисно!
Еве што открива најновата студија, податоците се застрашувачки.

Многумина веруваат дека газираните диетални сокови и останатите производи со ознака „без шеќер“ или „низок број калории“ се поздрава алтернатива. Но најновите научни истражувања предупредуваат дека секојдневната употреба на вештачки засладувачи може да носи сериозни ризици, не само за телесната тежина, туку и за здравјето на мозокот!

Што открива најновата студија
Истражување објавено во реномираното медицинско списанието Неуролоџи опфатило 12.772 возрасни лица, следени во период од осум години.
Анализирана е нивната исхрана и употребата на седум различни засладувачи, меѓу кои аспартам, еритритол и сахарин. Учесниците редовно решавале когнитивни тестови и пополнувале прашалници за исхрана.
Резултатите се загрижувачки:
Лицата што консумирале најмногу вештачки засладувачи покажале побрз пад во размислувањето и меморијата во споредба со оние што ги користеле најмалку.
Кај нив е забележано забрзано стареење на мозокот за дополнителни 1,6 години во текот на студијата.
Ефектите биле најсилни кај луѓе со дијабетес тип 2, токму оние што најчесто ги користат засладувачите за да го заштитат здравјето.
Врската меѓу засладувачите и когнитивниот пад е забележана кај лица под 60 години, но не и кај постарите учесници.
Според истражувањето, единствено засладувачот тагатоза не покажал значајна поврзаност со когнитивни проблеми.
Како делуваат засладувачите врз мозокот
Нутриционистите објаснуваат дека овие состојки не се инертни. Некои, како аспартамот, се разградуваат во соединенија што предизвикуваат воспаление во мозокот. Други, како сахарин и сукралоза, ја менуваат цревната микробиотика, што може да го наруши регулирањето на шеќерот во крвта и да предизвика воспалителни процеси.
Постојат и докази дека засладувачите ја ослабуваат крвно-мозочната бариера и ја намалуваат ефикасноста на нервната комуникација.
Комбинацијата од овие фактори, со текот на времето, може да доведе до губење на меморијата и забрзано когнитивно опаѓање.
Истражувачите нагласуваат дека ова е опсервациска студија, што значи дека открива поврзаност, но не и директна причинско-последична врска. Можно е и други фактори, како исхрана, физичка активност или животен стил, да влијаат на резултатите. Сепак, податоците се доволно сериозни за да поттикнат внимателност.

Што препорачуваат стручњаците
Намалете ја употребата на вештачки засладувачи, особено ако сте во ризична група (дијабетес, срцеви болести).
Бидете свесни дека повеќето вакви состојки се наоѓаат во ултрапреработена храна која и самата носи ризици за здравјето.
Ако не можете веднаш да ги елиминирате, обидете се постепено да ја намалувате количината.
Користете природни алтернативи: свежо овошје, мед, јаворов сируп, кокосов шеќер или умерено „стевија“.
Зачини како цимет, ванила или кора од цитрус може да ја зголемат природната сладост на храната без дополнителни калории.
Затоа внимавајте! Иако диеталните сокови и „шугар-фри“ производите звучат како најбезбедна замена за шеќерот, односно зашеќерените производи, научните докази сè повеќе покажуваат дека тие може да бидат меч со две острици. Покрај тоа што не секогаш помагаат во регулирањето на тежината, тие можат и да го забрзаат стареењето на мозокот. Најдобриот совет останува едноставен: умереност, повеќе природна храна и свесен избор при секојдневната исхрана.