Ова е синот на Зуица Лазова и Наум Петрески – малиот порасна, мама и тато никогаш посреќни
„Поддршка за младите чувари на традицијата“, напиша гордо Зуица во видеото што го сподели на Фејсбк

Пејачката покажа како ужива со својот наследник
Познатата фолк-пејачка Зуица Лазова од бракот со Наум Петрески ја има ќерката Македонка и синот Стефан.
И Македонка и Стефан го имаат наследено талентот од своите родители, но и големата љубов кон музиката.
Фејсбук/ Зуица, Наум
Имено, Македонка дипломираше соло пеење на Музичката академија во Скопје, а и Стефан учи музичко училиште.
Тие и двајцата досега настапувале и во јавноста, а Стефан ги изненади сите кога минатата година се појави со татко му на Прилеп-фест.
Фејсбук/ Зуица, Наум
Тогаш многумина коментираа дека личи на својот татко, а слични коментари доби и неодамна кога неговата позната мама сподели една заедничка фотографија, па пријатно ги изненади сите.
Фејсбук/ Зуица, Наум
Покрај оваа објава, Зуица деновиве сподели и една снимка од најновиот настап на Стефан како пее народни песни..
Колку тој навистина личи на својот татко во младите денови, но и како звучи кога е на сцената, погледнете во продолжение:
Брак по 16 години заеднички живот
Потсетуваме, Зуица и Наум иако долги години се заедно, тие дури пред неколку години склучија брак.
Фејсбук/ Зуица, Наум
Имено, тие во јули 2022 година направија тајна венчавка и се заколнаа на вечна љубов пред Бога, а оваа вести ги изненади сите. Како што објавија медиумите тогаш, граѓански брак склучиле во Скопје, а десетина дена подоцна се венчале во црквата Свети Наум во Охрид.
Фејсбук/ Македонка Петреска
Ќерката на Зуица и Наум
На венчавката присуствувале само најблиските, а за овој посебен ден во животот Зуица во една пригода изјави:
Фејсбук/ Зуица, Наум
„Не се венчавме тајно, едноставно го направивме тоа онака како што сакавме и ни доликуваше, без многу публицитет“, откри познатата пејачка во едно интервју за Гламур магазин (види тука).