Македонската Гранд ѕвезда се сврши со внукот на НАЈБОГАТИОТ фолк-пејач од Македонија
Оваа млада дама во популарното шоу ги воодушеви сите

Ова речиси никој не го знаеше
Како што пренесува Гранд.онлајн, Мелиса Зијадиќ од Лажани, село во близина на Прилеп, се свршила со многу близок роднина на еден од најпознатите македонски пејачи на народна музика.
Имено, нејзиниот избраник Ајдин е син на брат на Јашар Ахмедовски и на починатиот Ипче Ахмедовски.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мелиса додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ тоа не сакаше да го открие пред камерите, а набргу откако заврши финалето во кое го освои високото петто место, младата пејачка се сврши.
Таа тогаш привлече големо внимание со фотографиите на кои изгледаше како невестите во турските серии.
Потсетуваме, Мелиса додека се наптреваруваше во популарното поу беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Таа тогаш се натпреваруваше рамо до рамо со Мики Секуловски и Андријана Петрушевска, кои исто така освоија одличен резултат – Мики беше втор, а Андријана го освои третото место.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Мелиса беше најмладата натпреварувачка во финалето, а заради својот стил на пеење, ја споредуваа со Драгана Мирковиќ.