Наши ѕвездиНовости

Исплива шок видео од настапот на Марија Шерифовиќ во Кавадарци – цел Балкан гледа и се чуди (видео)

Пејачката кон една девојка се обрати со зборовите „Мрш бре“, пишуваат бројни медиуми во регионот

Advertisement

Неочекувана ситуација која што ги изненади сите

Пејачката Марија Шерифовиќ овој викенд одржа концерт во рамките на „Тиквешкиот гроздобер“ во Кавадарци.

Advertisement

Но по бројните фотографии и снимки од нејзиниот настап, меѓу кои и оние кои беа објавени на официјалната страница на „Тиквешкиот гроздобер“ (повеќе за ова прочитајте тука), исплива недолична снимка што сите ги остави без зборови.

Принтскрин/ ТикТок, ГудБој03210

Имено, на оваа снимка која кружи на ТикТок се гледа како Марија се движи меѓу публиката, кога се случи инцидентот.

Advertisement

Едно девојче го побара од неа микрофонот да пее, а потоа се биде и да и го задржи, по што Марија реагираше неочекувано.

Инстаграм, Фејсбук/ М. Шерифовиќ, М. Јанчев

Таа се изнервира, па таква беше и нејзината реакција која ги изненади сите присутни, но и оние што го гледаа видеото.

Марија во еден момент прекина со пеењето и изусти „Мрш бре!“, а на лицето се гледа дека и самата е запрепастена.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

@goodboy03210

#marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre

♬ original sound – Good_boy_

Како што пренесуваат медиумите, снимката е направена од нејзиниот настап во Македонија, па многумина веднаш почнаа да ја коментираат оваа сцена, но и да ја критикуваат пејачката.

Принтскрин/ ТикТок, ГудБој03210

И додека едни пишуваат дека нејзината реакција не беше примерна, други се на нејзина страна, истакнувајќи дека воопшто и не требала да го даде микрофонот, посебно заради тоа што е мајка.

„Па и не треба да го дава. Треба ли сите да го плукаат нејзиниот микрофон. Па, жената дома има мало дете, имајте малку разбирање“, пишува во еден од коментарите под видеото на социјалните мрежи.

„Зошто сите ја напаѓаат Марија, па ова е толку некултурно и безобразно што го направи девојката“, „Јас сум голем фан на Марија, никогаш не би сакала да се однесува вака кон мене, би била премногу тажна“, „Јас тука не гледам ништо лошо искрено дека направила Марија“, „Вие очигледно не знаете ништо во врска со Марија, таа така се зеза и се шегува со публиката. Таква е и во приватниот живот.. Малку повеќе да ја следевте и гледавте би знаеле“, пишуваат луѓето во врска со оваа сцена што кружи и изненади многумина на социјалните мрежи.

Принтскрин/ ТикТок, ГудБој03210

Потсетуваме, Шерифовиќ оваа сезона нема да биде дел од „Ѕвездите на Гранд“, а како што самата откри, сака да е одмори, но и максимално да му се посвети на својот син што го доби од сурогат мајка.

Принтскрин/ ТикТок, ГудБој03210

Инаку, Марија и неколку години пред да го добие бебето за медиумите откри дека ќе го напушти шоуто кога ќе стане мајка.

За нејзиното заминување од шоуто се зборуваше постојано и порано, па така таа и самата пред 5-6 години изјави:

„Кога ќе ги напуштам ‘Ѕвездите на Гранд’ тогаш ќе бидам мајка. Сакам сериозно да се посветам на тоа, а не детето да ми го чуваат баби и дедовци“, изјави Шерифовиќ за медиумите уште во 2019 година и на овој начин го наговести она што и навистина се случи.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Но тогаш Саша Поповиќ беше жив, и тој јавно и порача дека ќе мора да почека уште некоја година и дека нема да ја пушти.

Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Концертот на Марија во Кавадарци

Сепак, Марија по завршувањето на последната сезона реши да си замине од „Ѕвездите на Гранд“, а по заминувањето и на Вики Миљковиќ и Драган Стојковиќ Босанац се појавија шпекулации дека и таа планира да премине во Пинк, по што и таа самата се огласи:

„Најубаво би замолила сите луѓе од медиумите и од естрадата апсолутно повеќе да не ме ставаат во какви било конотации во врска со телевизиски формати, музички натпреварувања. Значи, јас од месец септември нема да бидам во никаков жири на ниту еден телевизиски формат, затоа што дојде време да одморам, а единствениот кандидат што ме интересира е Шерифовиќ Марио“, напиша тогаш на Инстаграм некогашната победничка на Евровизија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button