Наши ѕвезди

Никој друг од Македонија не ме покани, освен Цеца – победникот откри што мисли за својата менторка

Настапи на големиот концерт на Цеца во Крива Паланка, а ќе настапи и на концертот на Саша Матиќ во Велес...

Advertisement

Никола Станишиќ не престанува со изненадувања за своите фанови

Победникот од „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, ова лето работеше со полна пареа и нема никогаш да го заборави.

Advertisement

Тој триумфираше во најгледаното шоу во регионот, а неодамна се појави и на концертот на неговата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ, што беше остварување на неговиот животен сон.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Беше прекрасно, преубаво искуство. И ова се што се случува, сето ова ми е како на сон, се уште не сум свесен што се случува“, вели Никола.

Advertisement

„Цеца е тука за мене, 24/7, беше тука за мене и за концертот. Никој друг од Македонија не ме покани, туку само таа. Беше супер. Инаку, таа е тука и за песната што ми следува од ‘Гранд’, така што мора тоа задно да го средиме“, изјави Никола неодамна за Гранд.

Потсетуваме, Никола по победата во популарното шоу одржа и победнички концерт во Скопје на кој немаше ни игла каде да падне.

На концертот се појавија и неколку негови колешки и колеги од популарното шоу, а Никола на својот профил на социјалните мрежи деновиве откри изненадување што го подготвува и за неговите верни обожаватели од Австралија.

Принтскрин

Имено, Никола ја најави својата мала турнеја во оваа далечна земја, а наскоро следува и концерт со Саша Матиќ во Велес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balkan Events Aus (@balkan_events_aus)

Познатиот фолк-пејач на 18 октомври доаѓа во Велес и ќе одржи незаборавна музичка вечер во Спортската сала Гемиџии.

На концертот на Саша Матиќ, Никола Станишиќ ќе настапи како специјален гостин – победник на „Ѕвездите на Гранд“ и како еден од најперспективните млади изведувачи на балканската сцена.

Принтскрин

Потсетуваме, Никола триумфираше во 18-та сезона од „Ѕвездите на Гранд“ кога од гледачите добија голем број гласови.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тој беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ која му беше голема поддршка цело време додека се натпреваруваше.

Токму таа и го убеди да остане во натпреварот кога по трагедијата во Кочани Никола сакаше да се откаже од шоуто.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button