Maкедонија тагува – не напушти врвна докторка

На 66 годишна возраст, рано утринава, во својот дом во Велес почина д-р Љубинка Стефкова Камчева.
Како дипломиран лекар од Општа медицина Стефкова Камчева својата професионална кариера ја започна во амбулантата на поранешниот Медицински центар на Титов Велес во село Извор. Потоа таа беше дел од лекарскиот тим на Итна медицинска помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес се до своето пензионирање.
Нејзините колеги како и пациенти ја препознаваат како лекарка професионалец, посветена на работата, на човечноста, на хуманоста додека пријателите и по нејзината добродушност, искреност и ведар дух.
Посмртните останки на д-р Љубинка Стефкова Камчева ќе бидат изложени во недела, на 7 септември во црква „Свети Спас“ во 11:00 часот додека погребувањето ќе се одржи во 12:00 часот.