Наши ѕвезди

Еве како изгледа сопругата на Спасен кога ќе се нагизди – исплива и една снимка што сите ги изненади

Пејачот покрај неа секогаш блеска, посебно кога со нив се и нивните две ангелчиња

Advertisement

Нашиот познат фолк-пејач ги изненади сите со ова издание

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски ова лето работи со полна пареа, но и покрај бројните обврски не заборава на своите обожаватели.

Advertisement

Имено, тој е поприлично активен и на социјалните мрежи, па по бурата од реакции што ги предизвика со критиките упатени кон градоначалникот на Кавадарци, овој пат ги разнежи сите со ова издание.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Спасен овој пат позираше со своите најблиски во автомобилот, а внимание привлече неговата понежна половина.

Advertisement

Нашиот пејач овој пат позираше покрај жената која што отсекогаш му давала ветер во грбот и му е најголема поддршка.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Станува збор за неговата сопруга Ана, а на фотографијата покрај нив двајцата на задното седиште седат и нивните дечиња.

И бидејќи многумина одамна немале прилика да видат како изгледа Спасен во друштво на неговата поубава половина, реакциите беа и повеќе од позитивни, а сите им порачаа дека се прекрасен пар.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Инаку, Спасен неодамна на социјалните мрежи покажа и зошто важи за еден од омилените пејачи меѓу оние што сакаат народна музика.

Тој сподели неколку фотографии и снимки од неговите настапи во рамките на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, со кои што исто така сите ги воодушеви на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Неодамна исплива и една постара снимка, направена во домашна атмосфера, а на која покрај Спасен и неговата хармоника ќе видете уште една голема македонска музичка ѕвезда од Кичево, наследник на Војо Стојаноски, еден од најлегендарните македонски фолк -пејачи.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Да, станува збор за неговиот син, Дамјан Стојаноски, а како изглед оваа двојка кога ќе се спои, погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button