Младата пејачка од Бугарија ја пречекаа како кралица во битолскиот крај – цело село се сликаше со неа
И самата пејачка беше воодушевена од дочекот, па снимката ја сподели на социјалните мрежи

Настапите на младата пејачка од Бугарија, Василија Петрова, се повеќе привлекуваат внимание во нашата земја.
Таа обожава да пее македонски песни и преку ноќ стана една од најбараните пејачки на многу наши веселби, а поприлично е блиска и со колегите од Македонија кои често ја канат на настапите.
И на секоја манифестација на која што ќе се појави сите се воодушевени, а во текот на цело лето речиси да немаше ден слободен.
Инстаграм/ Василија Петрова
И како што може да се види од бројните снимки на социјалните мрежи, оваа пејачка знае да им го направи меракот на гостите.
Секогаш насмеана и расположена, од срце ги пее македонските песни, а како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Василија Петрова
Станува збор за нејзиниот настап во Велушина, битолско, каде пејачката беше пречекана како кралица, со пајтон и црвен килим.
Инстаграм/ Василија Петрова
Природна убавица со стил
Кога е на сцена, Василија избира преубави тоалети, но и куси и тесни креации со кои го истакнува своето вито тело.
Инстаграм/ Василија Петрова
Таа често знае модерното да го спои со традиционалното, а често може да ја видиме и во македонска народна носија.
Инстаграм/ Василија Петрова
Посебно воодушевува кога ќе ја запее песната за една од најубавите македонски планини, Пирин, која се наоѓа во соседна Бугарија.
Инстаграм/ Василија Петрова
Станува збор за песната „Вардаре, Пирин кај ти е?“ која во една пригода ја испеа и во емисијата „Мерак меана“.
Инстаграм/ Василија Петрова
Како оваа преубава млада дама изгледаше тогаш, но и како звучи оваа нејзина изведба, погледнете во продолжение: