Препознајте ги знаците на судбината – што значи ако ви „игра“ окото, ако видите тробојна мачка, ако кивнете пред состанок?
Според народното верување, ништо не е случајно: секој знак што ќе го забележиме носи порака која, ако правилно ја протолкуваме, може да нè насочи кон љубовта, успехот или среќата.

Животот често ни зборува на тивок и ненаметлив начин. Знаците што ги среќаваме секојдневно се како мали пораки од универзумот, распрснати долж нашиот пат. Тие можат да бидат предупредување, но и најава за радост, надеж и нови почетоци.
Според народното верување, ништо не е случајно: секој знак што ќе го забележиме носи порака која, ако правилно ја протолкуваме, може да нè насочи кон љубовта, успехот или среќата.
Advertisement
Доколку внимателно гледаме и слушаме, ќе забележиме дека светот околу нас е полн со симболи. Некои најавуваат среќа на личен план, други отвораат врати кон нови професионални успеси, а трети ветуваат љубов и хармонија. Потребно е само да застанеме, да ослободиме простор за интуицијата и да ги следиме сигналите.
Знаци на добри вести и радосни моменти
Пронајдена шпенагла – ако е затворена, носи добри вести и радост. Но, ако е отворена, предупредува на претпазливост и внимателност.
Тробојна мачка – ако ви го пресече патот, тоа е знак за среќа. Ако се задржи пред вашиот дом, тоа е порака дека богатство и радост сакаат да влезат во вашиот живот.
Песна што ја слушате случајно – ако зборува за љубов, успех или среќа, тоа е најава за позитивни промени.
Крик на птица над главата – знак за подобрување на финансиската состојба или изненадувачки добри вести.
Бубамара на вашата рака – бројката на нејзините точки откриваат колку дена ве делат од среќен настан.
Пронајдена паричка – ако е со бројката нагоре, ве очекува изненадување; ако е со грбот, тогаш доаѓа неочекуван финансиски прилив.
Виножито на небото – по дождот, ветува исполнување на желбата. Двојно виножито носи двојна среќа.
Гулаб на покривот или на прозорецот –знак за мир и хармонија во домот; ако носи гранка, тогаш следи просперитет.
Ветер што ненадејно ве допира и дува право во вас, нежно – порака дека промените се веќе на пат.
Средба со дете кое носи цвеќе – ветување за убави вести и пријатни изненадувања.

Знаци за љубовта и личниот живот
Ако случајно си го удрите лактот – знак е дека некој мисли на вас со топлина и нежност.
Две птици што гугуткаат заедно – предвесник на романса или зацврстување на постоечката врска.
Изгубени на патот/слепа улица – ако залутате иако добро го знаете патот, тоа навестува промена и нова личност во вашиот живот.
Пронајден прстен – симболизира блиска средба со значајна личност.
Пар лебеди во вода – знак за хармонија и трајна љубовна врска.
Први капки дожд паднати на вашето лице – носат нова средба која ќе ја промени вашата судбина.
Кивате пред состанок/средба – ако кивнете пред важен состанок, тоа е знак дека сè ќе помине добро.
Пајажина во домот – предвидува блиска средба со личност што ќе има значајна улога во вашиот живот.
Средба со трудница – најавува нова животна етапа или остварување на посакувана желба.
Знаци за успех во работата и кариерата
Кусур во ситни пари – знак за финансиски успех и добивка.
Сопнување со десната нога – иако изгледа незгодно, ова е симбол на успешен почеток или завршување на проект.
Пролиена вода – особено пред важна средба, претскажува среќен исход.
Газење во локва – чудно, но се смета за знак дека работата ќе ви заврши успешно.
Ѕвекот на монети во џеб – носи неочекувани приходи.
Губење копче – пред значаен состанок или интервју, тоа е добар знак за позитивен исход.
Кивање пред нов проект – знак дека ќе биде успешен.
Честа појава на бројот 7 – се смета за симбол на среќа и деловен напредок.
Пронајдени клучеви – навестуваат отворање на нови можности.
Пердув на патот – знак на заштита и благослов за вашите професионални чекори.
Универзумот секогаш зборува
Познати се старите верувања, ако ви затрепери десно око, тоа е добар знак: ќе слушнете убави вести, некој ќе ве израдува или ви претстои пријатна средба, а ако ви затрепери левото око – тоа се смета за најава на тага, непријатни вести или некое разочарување.
Ако ве чеша лева дланка, тоа најчесто се толкува како знак дека ќе давате пари или ќе имате некаков финансиски трошок. Во некои преданија, пак, се смета дека тоа значи и средба со личност која одамна не сте ја виделе.
Десна дланка пак, ако ве чеша, тоа е многу добар знак – обично значи дека ќе добивате пари, подарок или неочекуван приход.
Исто така, се верува дека ако ве чеша десната рака може да најавува ново познанство, ракување или склучување на договор што ќе ви донесе корист.
Светот околу нас е жив и полн со скриени пораки. Знаците што ни ги испраќаат случајните настани, луѓето што ги среќаваме и дури и најобичните предмети околу нас, често се дел од поголема слика. Доволно е да застанеме, да го ослушнеме шепотот на универзумот и да му дозволиме да нè води.
Можеби токму денес ќе сретнете знак кој ќе ви открие дека среќата е поблиску отколку што мислите.