Каква храна се јаде за Голема Богородица за среќа и благодат – не заборавајте на овие намирници
Трпезата за Голема Богородица не е само семејно собирање, туку и духовен чин.

Голема Богородица, или Успение на Пресвета Богородица, е еден од најголемите празници во христијанскиот свет. Во календарот е обележан со црвено слово, што значи дека не се работат тешки работи, туку денот е посветен на молитва, семејството и духовниот мир.
Со празникот завршува двонеделниот Богородичен пост, кој трае од 14 до 27 август. На самиот ден на празникот, верниците постат до утринската литургија и причестување. Доколку, како оваа година, празникот паѓа во четврток, оброкот по службата може да биде мрсен.
Тоа значи дека на трпезата, покрај жито, овошје, зеленчук и мед, може да се најдат и млечни производи или месо.
Но, ако празникот се совпадне со среда или петок, тогаш и тој ден се продолжува со посна трпеза разрешено со риба, масло и вино, во знак на почит кон Пресвета Богородица и црковниот поредок.
Во македонската народна традиција празникот е посветен на жената и мајката. Се верува дека на Голема Богородица не треба да се започнуваат нови работи, туку да се посветиме на мир и благослов во домот.
Особено место има босилекот, кој се бере и внесува во домовите како заштита од зло и како носител на благодат. Често се додава и во храната за да донесе здравје и духовна сила.

Според традицијата, за благодатна храна денес се сметаат житото, оревите, мед и овошје, како симбол на благосостојба и завршување на жетвата и токму овие намирници ставете ги на празничната трпеза.
Во некои краеви се благословуваат и последните снопови од полето, кои се внесуваат во домот како знак на благодарност кон Богородица.
Така, трпезата за Голема Богородица не е само семејно собирање, туку и духовен чин. Од едноставна посна каша со мед и ореви, до свечени јадења после литургијата, секое подготвено парче храна на овој ден носи порака за љубов, здравје и благослов во домот.