Новости

Мозокот му откажува, преселен е од домот – сопругата донела тешка одлука за холивудскиот актер

Во емотивен разговор со новинарката Дајан Соер, сопругата Ема Хеминг Вилис откри детали за неговата моментна состојба.

Advertisement

Брус Вилис, некогашниот акционен херој на Холивуд, денес е само сенка на шармерот кој го обожаваше светот.

Неговата битка со фронтотемпоралната деменција (FTD) стана јавна во 2023 година, кога семејството објави дека болеста напредувала од претходната дијагноза – афазија, нарушување на говорот кое ја одзема способноста за комуникација.

Advertisement

Во емотивен разговор со новинарката Дајан Соер, сопругата Ема Хеминг Вилис откри детали за неговата моментна состојба.

Иако физички здрав, Брус се соочува со сериозен когнитивен пад, особено во говорот и комуникацијата. Првите знаци на болеста се појавиле кога станал повлечен и емоционално оддалечен од сите, секако и од најблиските, нешто што Ема го забележала пред да добијат официјална дијагноза.

Поради напредувањето на болеста, Ема донела тешка одлука да го пресели во еднокатна куќа, со цел да му обезбеди безбедност и удобност, под постојана грижа на професионални негуватели.

Advertisement

Сепак, таа секојдневно е покрај него, појадуваат и вечераат заедно, а најмногу се радува на ретките моменти кога низ неговата насмевка и смеа повторно го препознава човекот кој го сака.

Ема е и автор на книгата „The Unexpected Journey“, каде го опишува своето искуство како негувателка и дава поддршка на сите семејства што се соочуваат со слични предизвици.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button