Хороскоп

Оваа билка утре внесете ја во домот и употребете ја на овој начин – што треба, а што не смее да се прави на Успение на Пресвета Богородица

Што треба, а што не смее да се прави на еден од најголемите црковни празници.

Advertisement

Празникот Успение на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте главни празници на православната црква. Се празнува на 28 август и му претходи строг Богородичен пост, кој трае од 14 до 27, односно до Литургија на 28 август. На овој ден во сите православни храмови се служат богослужби, а верниците присуствуваат на литургија, молитви и песнопеења посветени на Пресвета Богородица.

Според преданието, по Вознесението Христово, Богородица живеела под грижа на апостолот Јован Богослов, а во негово отсуство престојувала во домот на неговите родители близу Елеонската Гора. Таа сведочела за чудото на Благовештението, безсеменото зачнување и раѓањето на Спасителот Христос.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Во народната традиција, Успение означувало завршување на жетвата. Постоел обичај на овој ден да се „дожнее последниот сноп“ на полињата, со што се заокружувала работата во полето.

Што не треба да се прави на празникот

Верниците веруваат дека овој ден треба да биде посветен на молитва и духовен мир, а не на тешка работа. Затоа:

не се препорачува да се работи напорно во куќата, во дворот или на нива,

Advertisement

не се прават свадби, венчавки и големи веселби,

не се консумираат алкохол и прекумерна храна,

забранети се кавги и недоразбирања, особено во семејството.

Значењето на босилекот

Посебно место во народната традиција на Успение има босилекот. Тој се смета за божествена и благословена билка. На овој ден, жените внесуваат гранчиња босилек во домот и ги ставаат покрај иконите или на трпезата, верувајќи дека тоа ќе ја донесе заштитата на Богородица и ќе го сочува семејството од зло.

фото-пекселс

Босилекот често се додава и во храната како знак на благослов и духовна чистота. Се верува дека мирисот на босилекот го прочистува просторот и привлекува благодат, здравје и хармонија во домот. Во некои преданија се вели и дека со босилек се кади куќата за да се оттргне злото и да се привлече мир.

Молитва на Успение на Пресвета Богородица – силен повик за заштита и исцелување

Молитвата на Успение на Пресвета Богородица е силен духовен повик кон Мајката Божја за заштита, водство и исцелување. Таа се смета за една од најмоќните молитви кои верниците можат да ги упатат кон Пресвета Богородица, особено во моменти на тешкотија, неизвесност или духовна борба.

Со секое изговарање на оваа молитва, ние ја изразуваме својата вера и надеж, признавајќи ја непорочноста, величието и милоста на Мајката Божја. Молитвата ни помага да почувствуваме блискост со Богородица, која како наш небесен застапник, постојано се моли за нас пред Бога. Таа нè потсетува дека ние не сме сами, дека имаме заштитничка која нè води и штити од зло, болка и искушенија.

принтскрин јутјуб

О, Севишна Мајко, Пресвета Богородице Дево Марија!

Не престанувај да се молиш за нас, недостојните Твои слуги, кои Те слават и почитуваат, и кои се поклонуваат пред Твојот пресветол лик, и кои имаат неизмерна надеж и непоколеблива вера во Тебе.

Застапувај се за нас, Пречиста, преславна и непорочна Мајко Божја, сега и секогаш, во сите векови. Амин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button