Емотивната сцена на концертот на Никола Станишиќ – победникот НЕ ја заборави оваа жена (фото)
Одличен настан, публиката презадоволна

Победникот од последната сезона во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, вчера во Скопје направи концерт за паметење.
Потсетуваме, и самиот Жика неодамна во интервју за српскиот Информер зборуваше кога планира да се врати пред камерите.
Концертот се одржа на „Плоштад Автокоманда“ во Гази Баба и речиси немаше игла каде да падне, а голем број фанови се сликаа со Никола како пред концертот, така и по неговиот одличен настап.
Инстаграм
Концертот го отвори неговиот пријател и најпознатиот јутубер Стефан Лазаров, а Никола уште од самиот почеток ги воодушеви сите.
Сепак еден од најемотивните моменти беше кога ја запеа песната од ДНК, „Ако утре ме нема“ со која настапи и во финалето.
Инстаграм
Посебен момент беше и кога со знамето со „Сонцето од Кутлеш“ се качи на тапаните, а публиката пееше со него во еден глас.
Инстаграм
На сцената се појавија и неколку гости кои му беа колеги во „Ѕвездите на Гранд“, кои ги воодушевија сите со нивниот настап.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм
Покрај Никола, на сцената можевме да ги видиме и Ива Јокановиќ, Анѓела Арман, Зоран Ружиќ Ферари, Мате Милиќевиќ и Ахмед Сејфиќ со кои победникот се натпреваруваше во шоуто.
Инстаграм
Инстаграм
На крајот од вечерта Никола ја поздрави својата мајка кој беше на концертот и која отсекогаш му е најголема поддршка.
Инстаграм
Потсетуваме, Никола триумфираше во 18-та сезона од „Ѕвездите на Гранд“ кога од гледачите добија голем број гласови.
Инстаграм
Тој беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ која му беше голема поддршка цело време додека се натпреваруваше.
Токму таа и го убеди да остане во натпреварот кога по трагедијата во Кочани Никола сакаше да се откаже од шоуто.
Повеќе за ова прочитајте тука.