Рецепти

Брз летен ајвар, прсти да излижеш – едноставен селски рецепт без печење, совршен за лепче и сиренце

Ви претставуваме еден едноставен „селски рецепт“ кој се подготвува за неколку минути, а може да стои во фрижидер со денови, подготвен за секоја прилика.

Advertisement

Кога температурите се високи, нема ништо подобро од лесна и ароматична закуска, полна со бои и мириси што ѝ даваат живот на секоја трпеза. Од селската маса со топол леб и свежо сирење, до модерна чинија со салата, месо на скара или печени зеленчуци – овој летен ајвар е совршен придружник.

Ви претставуваме еден едноставен „селски рецепт“ кој се подготвува за неколку минути, а може да стои во фрижидер со денови, подготвен за секоја прилика.

Состојки:

4–5 зрели домати

Advertisement

1 свежа црвена пиперка (поголема)

1/2 кромид (црвен или бел)

1 врзоп свеж магдонос

Advertisement

6–7 листови босилек

1 чешне лук (кој си сака посилен вкус може и 2 чешниња лук)

3-4 лажици маслиново масло (најдобро ако е маслиново масло)

1 лажичка балсамико оцет или сок од лимон

сол и свежо мелен црн пипер

Подготовка:

Подготовка на зеленчукот – Измијте ги доматите и пиперката. Доматите исечкајте ги на ситни коцки, пиперката на тенки ленти, а кромидот на ситно.

Ароматичен микс – Во длабок сад измешајте ги сите состојки. Додајте ситно исечкан лук, магдонос и босилек. Поминете ги заедно низ блендер набрзина, не треба да се освршено изблендирани.

Зачинете – Полејте со маслиново масло, оцет или лимон, сол и пипер. Добро промешајте.

Покријте и оставете во фрижидер најмалку 30 минути за да се спојат аромите.

принтскрин јутјуб

Како да се послужи?

Овој летен селски ајвар е совршена со:

топол селски леб или брускети,

со макарони/шпагети,

месо на скара или печена риба,

печени зеленчуци и млад компир

а секако неодоливо се „бакнува“ со вкусот на младото сирење.

Домаќински совет од село: ако сакате појак вкус, додадете и неколку маслинки, а старите велат – една лута пиперка ситно сечкана ќе го направи уште попикантно ова летно ајварче!

Чување:

Во добро затворена стаклена тегла, лесниот летен ајвар може да стои во фрижидер до 3-4 дена.

Направете го денес и почестете ги најблиските!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button