Ирена и во шестата деценија во топ форма: „Живеам од музика и не се жалам – ќе пеам додека ме држи гласот“
Пејачката покажа и како ја одржува својата линија

Пејачката во последно време редовно вежба и се храни здраво, а посетува и најразлични третмани за убавина.
Познатата македонска фолк-пејачка Ирена Спасовска често знае да сподели фотки и да покаже како се поти во теретана.
Но овој пат таа откри и дека применува еден специјален третман за да изгледа баш онака како што сака, по нејзин ќеиф.
Инстаграм/ Ирена Спасовска
Облечена во спортско издание, пејачката направи неколку селфи снимки, па ги изненади сите со ова свое издание.
Потсетуваме, Ирена и порано споделувала слични снимки, а не ретко се снима и кога оди да вежба во теретана.
Инстаграм/ Ирена Спасовска
Од овие објави може да заклучиме дека пејачката води грижа за својот изглед, па не и е тешко да ги засука ракавите и да се запоти за да го постигне посакуваниот резултат, но и да ги мотивира и другите да направат нешто корисно за себе споделувајќи вакви снимки на својот профил на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Ирена Спасовска
Потсетуваме, Ирена повеќе од три децении е присутна на нашата музичка сцена и зад себе има бројни хитови и награди.
Инстаграм/ Ирена Спасовска
Таа за себе вели дека е воркохолик, но и дека ужива додека го работи она што најмногу го сака во животот, а тоа секако е музиката.
Инстаграм/ Ирена Спасовска
„Јас живеам од музика и не се жалам. Во мојата кариера многу работев и работам и задоволна сум. Заработив и вложив каде што мислам дека треба. Денес да решам да не пеам можам до крајот на животот да уживам од плодовите на мојата работа, но пеењето е страст и ќе пеам додека ме држи гласот“, изјави во една пригода пејачката за Гламур.
Што друго ни откри тогаш Ирена за себе, откријте тука.