Наши ѕвезди

Мазно лице, барем десет години помлада – а да си ги сменеа местата двете бројки?

Advertisement

Сузана Спасовска го прослави својот 61 роденден. Позирајќи покрај чоколадната торта, која и на фотографија изгледа превкусно, а врз неа свеќички со бројот 61, фолк-ѕвездата со ангелски глас, испрати порака до своите следбеници на социјалната мрежа Фејсбук – на која што е и активна.

фото Фејсбук Сузана Спасовска

„Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки?
16 наместо 61, хахахаааа… Ама, не, сепак вака си е најдобро (единицата малку изгоре па заличи и на седмица, но има време до 7) а, тортата ќе ја пробам на 28.08., ммммм…

Advertisement

Драги пријатели, секоја роденденска и именденска честитка, ми беше како светлина, што го разубави мојот ден. Се чувствувам благословена што толку многу луѓе со топли зборови, ми го израдуваа срцето и ми ја покажаа љубовта околу мене. Ви благодарам!“.

фото Фејсбук Сузана Спасовска

Се разбира, тортата ќе ја проба на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, зашто познато е, Сузана редовно си пости а во тек се Богородичните пости.

фото Фејсбук Сузана Спасовска

Мора да се согласиме дека Сузана изгледа прекрасно, младешки, без видливи борички на лицето, иако „формално“ е баба на Клара, од ќерката Теона.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button