Боки покажа како изгледа сега неговиот топол дом, но и НАЈВАЖНАТА ЖЕНА во неговиот живот (фото)
Боки во текот на овој месец имаше повеќе причини за славење, за што сведочат и неговите објави...

Не престанува да изненадува со своите објави
Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, по неколку години поминати зад решетки му се врати на својот начин на живот.
Тој неодамна беше на луксузно патување со неговата мајка Јасмина, а откако се врати неговите најблиски го изненадија.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Имено, Боки неодамна го прослави својот 39 роденден, па си доби торта во форма на чанта од луксузниот бренд „Шанел“.
Покрај тортата и тој и мајка му позираа со скапи чанти од истиот бренд, а сите беа изненадени од тоа како изгледаше и неговата мајка.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Тие и двајцата зрачеа со самодоверба и елеганција, а така беше и неодамна кога и неговата мајка славеше роденден.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Имено, и Јасмина и Боки се родени во август, а повеќе од јасно е дека шоуменот од својата мајка го наследил и чувството за мода.
На неговиот профил на социјалните мрежи во последно време многу често може да ги видиме заедно, а она што сите го забележуваат е дека често изгледаат и модно усогласени, па дури и од глава до пети облечени во парчиња од исто светски познати дизајнерски брендови.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Тој и тогаш, но и на неговиот роденден направи селфи и во својот дом, а ги изненади сите и со комбинацијата што ја носеше.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, Боки пред неколку месеци ги разнежи сите, а посебно неговата мајка со песната што ја објави за неа.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Тој никогаш не криел колку е поврзан со неа и дека таа е најважната жена во неговиот живот, а токму неговата мајка му беше и најголема поддршка во најтешкиот период од животот, додека траеја судските процеси и додека беше во затворските ќелии.