Познат фолк-пејач заврши во болница – беше итно хоспитализиран, има сериозни проблеми со здравјето
Халид Беслиќ итно хоспитализиран, еве каде се наоѓа

Познатиот пејач го откажа својот концерт, фановите загрижени
Познатиот пејач Халид Беслиќ го откажа својот концерт кој требаше да се одржи на 27 август во Босна и Херцеговина.
По овој повод се огласија и организаторите на настанот кои открија дека на Халид заради здравствени проблеми потребно е да започне процес на рехабилитација и му посакаа побрзо да оздрави.
Принтскрин/ Јутуб
„И покрај огромната желба да се дружи со градачацката публика првата саемска вечер, Халид е приморан моментално да му се посвети на своето здравје и да започне процес на рехабилитација“.
„Менаџменот на популарниот пејач го разбира разочарувањето на неговата верна публика и ветува ново дружење во најблиска иднина“, пишува во нивната објава.
Принтскрин/ Јутуб
Како што објавија медиумите од соседството, пејачот и на претходниот концерт што го одржал пред само неколку дена во Бања Лука се движел многу тешко на бината, а во еден момент дури и се обратил на публиката и се пожалил дека го боли целото тело.
„Одвај дојдов. Се чувствувам лошо. Боли тука, боли таму, ама треба да се работи, изјави Беслиќ пред собраните обожаватели“, по што следуваше бурен аплауз, пишува српскиот портал „Курир“.
Потсетуваме, Халит беше итно хоспитализиран во Универзитетскиот клинички цента во Сараево, каде е примен на нефрологија.
Заради здравствени проблеми беше приморан да го откаже концертот во Градачац кој беше закажан за 27 август.
Инаку, Халид веќе долги години се соочува со здравствени проблеми, посебно по тешката сообраќајна несреќа во 2009 година.
Пејачот тогаш го изгуби окото и се здоби со тешка повреда на градите, а му беше вграден и стенд и се бори со дијабетес. Сите овие проблеми бараат континуирано внимание и грижа за здравјето.