Никола Станишиќ со најубавата вест за неговите верни обожаватели – цела Македонија се радува на ова
Пејачот сподели преубава вест

Вест што ги израдува сите
Никола Станишиќ, победникот од последната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ наскоро ќе одржи победнички концерт.
Како што и самиот откри на социјалните мрежи, концертот ќе се одржи на 26 август, на Плоштад Автокоманда во Скопје.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
„Ќе биде вечер исполнета со многу музика, емоции и незаборавна атмосфера, а заедно со мене ќе настапат и финалистите од ‘Ѕвездите на Гранд’, кои ќе ја направат оваа вечер уште поспецијална“, напиша Никола на Инстаграм и ги покани сите да пеат и уживаат заедно со него.
Потсетуваме, Никола победи во последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“, а во финалето цела вечер пееше македонски песни.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Тој неодамна ја објави и својата прва песна по победата во шоуто, а која што ја сними во дует со колегата Гоце Петрески.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Песната веднаш ги освои сите и стана многу популарна, посебно меѓу нашите иселеници заради печалбарската тематика.
Станува збор за нумерата „Татко мој“, а што Никола неодамна откри во ексклузивното интервју за Гламур магазин за неговиот голем концерт, но и за многу други работи поврзани со неговата кариера и победата во „Ѕвездите на Гранд“, откријте тука.