„Поштарот“ од Македонија што со песна прави лом и го развеселува народот од целиот Балкан (видео)
Овој натпревар нема никогаш да го заборави, но и гледачите беа воодушевени од неговиот вонсериски талент...

Пејачот Зоран Рудан Цеки ги воодушеви сите со своите настапи во популарното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.
Тој претходната сезона стигна и до самото финале, а сите беа изненадени од неговата изведба на песните од „Бјело дугме“.
Но она што малкумина го знаеја за него е дека тој во Македонија има трибјут бенд „Бело копче“, а како што самиот изјави во една пригода пред камерите на „Гранд“, понекогаш, кога настапува, мора да глуми не еден, туку тројца пејачи кои своевремено беа едни од најпознатите и најбараните во поранешна Југославија.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Не сум јас само Жељко Бебек, туку сум и Ален и Тифа. Сите тројца ги пеам. Трубјут инаку значи да свирете до тон, како што е на ЦД-то така и ние свириме, а облекуваме и перики и шешири, така што изгледаме исто како да сме ‘Бјело дугме“, истакна пејачот во една емисија.
Како изгледаше еден од неговите најдобри настапи во „Гранд“, потсетете се на крајот од текстот…
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Инаку, Цеки пишува песни и за своите колеги, а покрај рокенрол понекогаш знае да запее и народни песни.
Но како што самиот вели, заради неговиот препознатлив глас, не може да биде оној вистински фолкер, но затоа е добар фалсификат, изјави тој во една пригода додека се натпреваруваше во популарното шоу.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Зоран е роден во Скопје и има 57 години, а на својот роден град му има посветено повеќе песни како легендарните „Џабе живиш у Скопје“, „Касно лето е во Скопје“, „Поштарот Петре“ и „Цепај сине“, сите напишани на препознатлив скопски жаргон.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тој со музика се занимава од најмлади училишни денови, а во текот на својата долга музичка кариера бил дел од повеќе бендови.
Некое време работел во пошта, но како штo самиот изјави во една пригода за „Гранд“ не можел да издржи долго, па решил целосно да и се посвети на музиката. Од тука и идејата да се пријави во популарното музичко шоу каде со својот специфичен глас и извонредни настапи со секој свој настап ги воодушевуваше сите.
Еден од овие настапи погледнете во продолжение: