Eве кога ќе ви легнат на сметка парите од МОЈ ДДВ

Исплатата на повратот на ДДВ за скенирање фискални сметки за вториот квартал од 2025 година (април–мај-јуни) според законски пропишаните рокови треба да биде целосно реализирана најдоцна до 31 август 2025 година, односно шеесет дена по завршувањето на второто тримесечје.
Доколку сте ги исполниле условите и сте скенирале фискални сметки, а воедно податоците за трансакциска сметка се точни и ажурирани, подготвените средства ќе бидат префрлени автоматски по обработката.
Во претходните исплати (за првиот квартал), како и за четвртиот квартал од 2024 година, се покажа дека најчести причини за одложување биле некоректно внесени или неажурирани трансакциски сметки во апликацијата „МојДДВ“.
Што да направите за да ја добиете исплатата без проблеми:
Проверете дали сите сметки се евидентирани успешно во апликацијата „МојДДВ“.
Осигурајте се дека вашата трансакциска сметка е точно внесена и активна во системот на УЈП.
Следете ги официјалните соопштенија на УЈП и известувањата во апликацијата за актуелности.
Од УЈП споделија и кои се најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се:
– Погрешно внесена трансакциска сметка
– Внесена трансакциска сметка на друго лице
– Наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка
– Внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната
Доколку имате потреба од поддршка или информации, јавете се во Контакт центарот на УЈП на следните броеви, од фиксна линија: 0800 33 000 и од мобилен телефон: 02 3253 200, или преку меил-адреста [email protected].