БизнисВести

НОВИ ЕВТИНИ ЛЕТОВИ: Oд Скопје ќе се лета до уште пет дестинации

Advertisement

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека ќе бидат воведени пет нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје.

Од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн.

Advertisement

– Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија.

Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје.

Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје, изјави Николоски.

Advertisement

Со новите пет линии и 11-те кои веќе се отворени, како што посочи, само за една година се реализирани 16 нови авиолинии.

– И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на Охридскиот аеродром.

Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии.

Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија. Нека е аирлија! – истакнува вицепремиерот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button